Свет
САД: Терористите од Кавказ ја менуваат тактиката
Во годишниот извештај за тероризмот објавен во четврток од американскиот Стејт департмент посветен е дел и на терористите од Северен Каваказ , за кои се забележува дека во 2009 г. преземале и планирале масовни напади врз официјални лица
„На Северен Кавказ терористички групи минаа од масовни напади врз цивили во насочени напади против претставници на полицијата, локалните власти и агенциите вклучени во борбата против бунтовниците“, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент посветен на светскиот тероризам.Како пример за ваквата терористичка активност американските стручњаци во извештајот го наведуваат нападот од 22 јуни во кој за малку не загина претседателот на Ингушетија, Јунус-Бек Евкуров. Нападите во Русија честопати тешко може да се разликуваат од злосторствата мотивирани заради грабеж или од одмазда, се наведува во делот од американскиот извештај за тероризмот во Русија. „Според политички претставник на претседателот на Јужниот федерален округ, во 2009 г. во Северен Кавказ се направени речиси 80 терористички напади, што е 30 отсто повеќе отколку од 2008 г. Сепак, многу напади тешко може да се разликуваат од злосторства мотивирани од алчност или одмазда“, се вели во документот. Во извештајот се резимираат информациите за терористички напади во Русија во 2009 г., од кои најголем простор му е посветен на нападот за врз луксузниот воз „Невски експрес“, на линијата Москва – Санкт Петербург од 27 ноември минатата година во кој загинаа 28 луѓе. Според вашингтонскиот Центар за стратегиски и меѓународни студии, само во Чеченија во 2009 г., имало 16 напади, вклучувајќи и самоубиствени бомбашки напади, додека во 2008 г. имало само четири.Русија презема мерки за борба против тероризмот, вели Стејт Департментот. Меѓу овие мерки, се нагласува декретот на рускиот претседател Дмитриј Медведев за изменување и дополнување на законот за борба против тероризмот, како и измените и предавањето на клучните овластувања во борба против тероризмот од ФСБ во рацете на Министерството за внатрешни работи на Чеченија. Исто така, се збаележува дека Русија е активен учесник во меѓународната борба против екстремизмот, вклучително и во рамките на евроазиската група за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Особено во документот е посветен простор на достигнувањата на заедничката руско-американски анти-терористичка работна група. „Правосудните органи на САД и Русија одржуваат размена на значајни и конкретни разузнавачки информации за тероризмот“, се констатира во извештајот. САД и Русија инаку заедно го иницираа создавањето на глобалната иницијатива за борба против нуклеарниот тероризам, потсетуваат авторите на извештајот. Особено се одбележува одржаниот Осми меѓународен состанок на шефовите на разузнавачките служби, правосудните власти и безбедносните агенции одржан во Русија, во јуни 2009 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се спротивстави на нападите врз Иран што ги изведуваат САД и Израел, предупредувајќи дека со тие потези се „игра руски рулет со животите на милиони луѓе“.
Санчез се обрати откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со прекин на трговијата со Шпанија поради ставот на Мадрид за конфликтот.
„Така почнуваат големите катастрофи на човештвото. Не може да се игра руски рулет со судбината на милиони луѓе“, изјави Санчез во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу двата сојузника во НАТО се зголемија откако Санчез го осуди американско-израелското бомбардирање на Иран, нарекувајќи го непромислено и незаконско. Шпанија потоа забрани користење на американски авиони од поморските и воздушните бази во јужниот дел на земјата за напади врз Техеран.
Санчез порача дека светот не може да ги решава проблемите со конфликти и бомби и нагласи дека ставот на шпанската влада може да се сумира со зборовите „не за војна“.
„Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, изјави шпанскиот премиер.
Тој потсети и на последиците од американската инвазија на Ирак во 2003 година, која доведе до пораст на тероризмот и на цените на енергијата, додавајќи дека причините и последиците од нападот врз Иран исто така се нејасни.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави за шпанската телевизија ТВЕ дека нападот врз Иран нема цел да воспостави демократија и нагласи дека Шпанија е суверена држава која одлуките ги носи во согласност со меѓународното право.
Свет
Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме
Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави за иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.
Мохбер, кој претходно беше вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател на државата, истакна дека Техеран нема доверба во САД.
„Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, изјави тој.
Додаде дека Иран е подготвен да ја продолжи војната „колку што долго сака“.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

