Свет
Два руски војника загинаа во одбраната од пожар на нуклеарен центар
Двајца руски војници загинале во борба против пожарите околу нуклеарниот центар во Саров, околу 500 километри источно од Москва, кога врз нив паднало запалено стебло, јави руската агенција РИА Новости
Во близината на градот Саров, уште во времето на Советскиот сојуз е изграден нуклеарен научен центар во кој се вршат истражувања и се произведува атомско оружје. Во понеделникот повеќе од 800 луѓе биле ангажирани во борбата со огнената стихија којашто му се заканува на овој нуклеарен комплекс кој е сместен во Нижнегородската област која принадлежи на Подмосковјето. Како што уште во саботата соопшти руското министерство за одбрана, сите опасни нукеларни материи биле навреме изнесени од центарот во Саров. Саров во времето на СССР беше еден од тајните градови означен како Арзамас-16, градови кои ги немаше на ниту една конвеционална географска карта, туку на тајните мапи на советската одбрана и тајните служби. Во него ниту денес не може да престојуваат странци а и руските државјани кои не се негови жители за престој мора да добијат специјални дозволи. Во вторник наутро повеќе од 500 лица и натаму останале да се соочуваат со пожарот во другиот воен нуклеарен комплекс кој е исто така е загрозен. Станува збор за нукелариот центар во Снежинск на Урал, 1.500 километри источно од Москва, во кој се произведува нукеларно оружје, потврдила локалната канцеларија на министерството за вонредни состојби. Истиот извор прецизирал дека пожарот кој се простираше на површина до седум хектари сега бил ограничен на територија од шест хектари.Како што пренесуваат руските новински агенции, пожари има и околу комплексот Мајак крај Чељабинск, околу две илјади километри источно од Москва, во кој се рециклираат и складираат нуклеарните отпади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

