Свет
На шест милиони Пакистанци им треба итна хуманитарна помош
На шест милиони луѓе во Пакистан кој е погоден со најлошите поплави во последните 80 години итно им е потребна хуманитарна помош за да преживеат, оценија во вторник претставниците на Обединетите нации кои ги повикаа меѓународните фондации да соберат за таа цел неколку стотини милиони долари
„Во овој момент концентрирани сме на шест милиони лица на кои најитно им е потребна хуманитарната помош, на кои помошта им е потребна едноставно за да преживеат“, изјави портпаролката на Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања при ОН, Елизабет Бирс. На прес-конференцијата во Женева, Бирс изјавила дека процените на пакистанските власти се дека од поплавите сериозно се загрозени околу 14 милиони луѓе, бидејќи има ралзични степени на погоденост на населението, од оние кои повеќе немаат домови, до оние кои буквално немаат ништо за јадење.Во среда во Обединетите нации во Њујорк во присуство на пакистански функционери ќе биде упатен апел до хуманитарните меѓународни фондации за финансиска помош на загрозеното население. Како ште се најавува во информацијата на Reuters, апелот ќе го упати потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Џон Холмс, а бројката на загрозените кои први ќе добијат помош допрва ќе се одредува. Генереалниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун во понеделник изјави дека со донациите ќе се направи обид да се соберат повеќе стотини милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

