Свет
Најдени телата на 42 -ца загинати во авионската несреќа во Кина
Пронајдени се 42 мртви тела на местото на несреќата во северо-источна Кина, а околу 50 луѓе се хоспитализирани, изјавил заменик на Службата за цивилна заштита на провијцијата Хеијлинцејан, Сун Баннан за Централната кинеска телевизија (CCTV)
Авион на компанијата Henana Airlines на летот VD8387 од Харбин за Ичун се урна за време на слетувањето на аеродромот „Линду“, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа. Според Службата за цивилна воздухопловна пловидба на Кина, во авионот имало вкупно 91 патник, вклучувајќи и пет деца и пет членови на екипажот. „При пребарувањето на остатоците од авионот беа пронајдени 42 мртви тела“, изјавил Сун Бенан. Според него, 49 луѓе биле хоспитализирани. Претходно, Синхуа објави дека во градските болници биле превезени 54 лица, повикувајќи се на изјава на Хуа Џигвеи, раководител на одделението за односи со јавноста на градскиот комитет на Ичун на Комунистичката партија на Кина.Таканаречените „црни кутии“, се уште не биле пронајдени. Авионт е од типот Е-190 авион, произведени од страна на бразилскиот воздухопловен конгломерат Embraer.Авионот се урнал на километар ипол од полетно-слетната писта, а потоа се запалил. Службите за безбедност на аеродромот брзо реагирале и за кусо веме го изгаснале пожарот, се додава во последната информација за денешната авионска несреќа во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.
Свет
Францускиот министер за надворешни работи: Гренланд не е на продажба, уцените мора да престанат
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денес изјави дека Гренланд „не е на продажба“ и ги повика САД да престанат, како што рече, со „уцените“.
„Напад врз друга членка на НАТО не би имал никаква смисла, дури би бил против интересите на Соединетите Американски Држави, и затоа оваа уцена очигледно мора да престане“, рече Баро за RTL.
Тој потврди дека Франција ја поддржува Данска и го најави отворањето на францускиот конзулат на островот на 6 февруари, што го означи како политички сигнал.
„Не ја изгубивме војната, играта не е завршена, топката е во дворот на европските парламентарци“, рече министерот, алудирајќи на дипломатските тензии во врска со Гренланд, објави Ројтерс.
Во истото интервју, Баро ги критикуваше иранските власти за потиснување на демонстрациите низ целата земја, велејќи дека оваа репресија е „најнасилна во модерната историја на Иран“ и дека „апсолутно мора да престане“.
Свет
Захарова: ЕУ е лицемерна во врска со протестите во Иран
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес ја обвини Европската Унија за лицемерство, посочувајќи дека лидерите на ЕУ се обидуваат да извршат притисок врз Иран поради протестите во таа земја, додека за време на протестите на „Жолтите елеци“ во Франција во 2019 година, ЕУ ги осуди постапките на демонстрантите.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на ЕУ, Анвар ал-Анун, изјави дека земјите од блокот разговараат за прогласување на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) за терористичка организација и подготвуваат нови санкции против Иран.
„Дури и ако го гледаме она што се случува во Иран како протест, го игнорираме знаењето што го имаме, како да е само протест. Сега, за да го претворат дури и овој протест, ако го третираме како што го третира Европската Унија, во анархија, тие развиваат економски мерки. Тие имаа сосема спротивен став во 2019 година“, изјави Захарова за радио Спутник.
Таа потсети дека европскиот комесар за финансиско планирање и буџет, Гинтер Етингер, во екот на протестите на „Жолтите елеци“, изјавил дека демонстрантите наводно предизвикуваат штета на целата европска економија.
Движењето „Жолти елеци“ во Франција се појави во ноември 2018 година, а првичната причина за демонстрациите беше планот на претседателот Емануел Макрон за зголемување на даноците на горивото и цените на бензинот.
Масовните протести на „Жолтите елеци“ беа проследени со немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата, а подоцна на барањата на демонстрантите им беше додаден поширок спектар на социјални и економски барања.
Протестите во Иран започнаа кон крајот на декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, син на шахот на Иран кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целиот Иран и во неколку градови се претворија во судири со полицијата, скандирајќи против иранскиот политички систем, анализираат медиумите.

