Свет
Медведев ја запира изградбата на спорниот автопат кај Кимки
Рускиот претседател Дмитриј Медведев објави дека ја запира изградбата на дел од автопатот во шумата во Кимки, во околината на Москва, пишува Комерсант
„Поради зголемениот отпор против овој проект одлучив да и наредам на владата да ја запре примената на одлуката за изградба на овој автопат”, рече претседателот а го цитираа руските агенции.Шумата во Кимки, сместена на северозапад од Москва, стана симбол на борбата на организации на граѓанското општество, заштитници на природата и рок-ѕвезди против руската држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.
Свет
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник Le Temps.
– По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори со цел воспоставување мир – изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи Никола Бидо, пренесе весникот.
Како што се наведува, сепак, швајцарските власти нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека таа земја е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
На 10 јануари Трамп најави подготовки за средба со Путин.
Според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.
Регион
(Видео) Хаварија во Црна Гора: силниот ветер предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија
Поради крајно неповолните временски услови, предизвикани од бурен ветер, дошло до испад на 110 киловолтен далновод „Можура-Улцињ“, што предизвикало прекин во снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите во најјужната црногорска општина, објави Црногорскиот електропреносен систем.
Во објавата на ЦГЕС на Фејсбук се наведува дека нивни екипи се на терен и вршат активности за што поскоро да биде пуштен во употреба далноводот „Можура-Улцињ“.
Од граѓаните побараа трпение и разбирање додека не се отстрани дефектот и не се воспостави редовно снабдување.
Дефектот на далноводот Бар110 Улцињ се случи во 11 часот и 34 минути, кога покрај Улцињ без струја останаа и Стари Бар и Велики Пијешак.
Екипите на ЦЕДИС се на терен и и покрај тешките услови за работа поради силните ветрови, се обидуваат да го отстранат дефектот , соопшти ЦЕДИС.
Освен силниот ветер, улиците и плажите во Улцињ се затрупани со снег.