Свет
Двајца сериозно повредени во земјотресот во Нов Зеланд
Земјотресот што го погоди вториот по големина град во Нов Зеланд Крајстчерч во саботата наутро по локално време, предизвикал тешки материјални штети соборувајќи електрични столбови, а забележани се и распукнување на патиштата и и фасадите, но властите објавија дека нема загинати
Новозеландските власти прогласија формална вонредна состојба за да се координираат операциите за обновување во градот која има популација од околу 350 илјади луѓе. Дописниците јавуваат дека по улиците на Крајстерчрч има урнати фасади, уништени автомобили и блокирани улици.Двајца мажи претрпеле сериозни повреди, а полицијата го блокирала централниот дел од градот каде се наоѓа бизнис центарот. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени според Рихтер го потресе Нов Зеланд, соопшти американскиот Институт за геолошки истражувања. Според сеизмолозите, епицентарот на потресот бил на шест до десет километри јужно од градот Крајстчерч (на Јужниот остров), а епицентарот бил на 34 километри длабочина. „Има многу штета што ја забележав во централното градско подрачје, претежно на старите ѕидани објекти, а бројни се и оние чии ѕидови се урнати на улиците“, изјавил градоначалникот Боб Паркер за државното радио.Официјални претставници на градската болница потврдиле дека двајца мажи биле примени со сериозни повреди, од кои едниот бил погоден од урнат оџак а другиот бил исечен од стакло. Исто така, биел згрижени уште неколку други луѓе лица кои имале скршеници и други повреди.Полицијата соопшти дека имало неколку случаи на грабежи, на кои биле брзо итнервенирано. Во предградијата многу куќи имале скршени прозорци, превртени оџаци, напукнати ѕидови и елементите паднати од рафтовите, пренесува агенцијата.Во поголем дел од градот и околниот регион дошло до прекин на електричната енергија, но постепено било обновено снабдувањето со струја. Исто така, имало оштетувања и на водоводната на и на канализационата мрежа. Според локалните власти, тие спроведувале проверки за тежината на штетите во руралните области, поблиски до епицентарот, западно од градот.GNS научниот институт, Новозеландската владина сеизмолошка агенција, ги ревидираа своите податоци за јачината на земјотресот на магнитудата 7,1 од првичните 7.4, додека Американскиот геолошки институт го коригираше податокот од 7,4 на 7.0 степени по Рихтер.Аеродромот во близина на градот, како и железничката мрежа и мостовите низ регионот се затворени и се проверуваат евентуалните штети предизвикани на нив. Земјотресот бил почувствуван како тресење на почвата во траење од 40 секунди. А во областа продолжуваат да се чувствуваат потреси со магнитуди до 5.2 степени .Бидејќи земјотресот се случи внатрешноста на копното, нема опасност од појава на цунами во овој дел од Пацификот.Во регионот на Нов Зеланд научниците евидентираат околу 14 илјади земјотреси годишно, од кои околу дваесеттина достигнуваат магнитудата од 5.0 степени.Последниот фатален земјотрес во овој геолошки активен регион каде се судираат тихиокеанската и индо-австралиската тектонска плоча, се случи во 1968 г., кога земјотрес со 7,1 степени загинаа три лица на западниот брег во истата облас на Јужниот Остров на западниот брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.