Свет
Во Авганистан убиени три странски војника

Тројца странски војници од кое еден Американец се убиени во недела на југ од земјата, соопшти командата на НАТО
Двајцата војници чија националност се’ уште не е објавена, се убиени во два одделни напада на бунтовниците во недела, соопшти портпаролката на меѓународните сили ИСАФ, пренесува AFP.Американскиот војник загинал во сабота навечер во експлозија на бомба од домашна изработка, со какви најмногу се користат талибаните, се додава во изјавата на ИСАФ.Подоцна британското министерство за одбрана потврдило дека еден британски војник загинал во недела во напад со рачен минофрлач во јужната покраина Хелманд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Министерот за внатрешни работи на Република Српска: Никој нема да биде уапсен

Министерот за внатрешни работи на Република Српска (РС) Синиша Каран денеска изјави дека главната задача на МУП на РС е да го заштити уставниот поредок, нагласувајќи дека никој нема да биде уапсен.
„Задачата на МУП е да го заштити уставниот поредок, неговите уставни институции, претставниците на сите институции и сите нејзини граѓани. Таа задача ќе биде исполнета до крај“, изјави Каран за Алтернативната телевизија Бања Лука (ATV).
Тој додаде дека Националното собрание на РС усвои закони, кои ја претставуваат „рамката на МУП на РС“.
„Во овие закони стои дека Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина, Агенцијата за истраги и заштита (СИПА) и Високиот судски и обвинителски совет, се противуставни институции и им е забрането да работат на територијата на РС. Ова е рамката на дејствувањето на МУП“, рече Каран.
Според него, овие институции „не можат, нема и не смеат да работат на територијата на РС“.
Никој нема да биде уапсен и сите ќе бидат заштитени“, заклучил Каран.
Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде наредба за приведување на Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ, со цел да бидат сослушани поради сомнение дека сториле кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“.
Правосудната полиција на Босна и Херцеговина издала наредба до Министерството за внатрешни работи на РС и Агенцијата за истраги и заштита на Босна и Херцеговина да помогнат во апсењето на Додик, Вишковиќ и Стевандиќ.
Свет
Песков: Не ја исклучуваме можноста за разговори меѓу Трамп и Путин наскоро

Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп по американско-украинските преговори во Џеда, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тој ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците дозволуваат тоа да се направи за прилично краток временски период“, рече тој.
Песков додаде дека Русија очекува да добие информации за деталите од преговорите во Џеда на преговорите со САД, кои ќе се одржат наскоро, пренесува Тас.
Во врска со потенцијалното 30-дневно примирје во Украина, за кое разговараа украински и американски претставници, Песков истакна дека е важно „да не се брза“.
Регион
НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде налог за приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ, и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.
НАТО се огласи со изјава за ситуацијата во Босна и Херцеговина нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.
„НАТО останува цврсто посветен на стабилноста на овој регион и на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Босна и Херцеговина“. Тие повикаа на почитување на Дејтонскиот мировен договор.
„Ја поддржуваме Канцеларијата на високиот претставник, сите дејства што го поткопуваат Дејтон, уставниот поредок или националните институции се неприфатливи. Запаливите реторики и акции се опасни и претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина“, додаваат тие.
„Генералниот секретар на НАТО ја истакна потребата политичките лидери во Босна и Херцеговина да го направат својот дел и да преземат одговорност за напредокот и стабилноста на својата земја“, се вели во соопштението, во кое се додава дека НАТО и меѓународните партнери активно ја следат ситуацијата и немаат намера да дозволат безбедносен вакуум.
„Генералниот секретар јасно стави до знаење дека ова не е 1992 година и дека НАТО и неговите меѓународни партнери се присутни и ангажирани во Босна и Херцеговина и нема да дозволат да се појави безбедносен вакуум. На крајот, тој истакна дека алијансата е посветена на соработката со Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението на НАТО.