Свет
Путин: Нема да има потреси во 2012-та
Путин за себе и за претседателот Медведев рече дека се луѓе од една партија и дека нема да има никакви „потреси“ во 2012 г., кога треба да се одржат претседателските избори, изјавил за новинарите германскиот политиколог Александар Рар, по состанокот на рускиот премиер со учесниците на форумот
Како што пренесуваат руските новински агенции, Александар Рар нагласил дека и минатата година на заедничкиот состанок на учесниците на престижниот Валдаи клуб на чии дебати учествуваат научници од разни сфери од целиот свет, рускиот премиер Владимир Путин, за себеси и за рускиот претседател Дмитриј Медведев рекол дека се „луѓе со иста крвна група“. „Годинава тој рече: Ние сме исти луѓе – се замисли и додаде – на една партија“, рекол Рар цитирајќи го рускиот премиер.Еден член на Валдаи клубот присутен на средбата во понеделник направил споредба на рускиот тандем со владејачкиот тандем во Велика Британија.„Путин објасни дека заедно тие ја разработуваат стратегијата за развој на Русија и истовремено ја реализираат, што е еден од балезите на тандемите, кои секако постојат и во другите земји“, додал Рар.„Има конкуренција, но тоа е една сила, еден тим“, го цитира познатиот германски политиколог Путин.Според Рар, рускиот премиер рекол дека одлуката ќе ја донесат заедно со Медведев, но дека во 2012 г. нема да има изненадувања и потреси. Тоа всушност речиси истата изјава што и минатата година Путин им ја даде на странските новинари учесници на состанокт на шефови на влади и членовите на меѓународниот форум Клуб Валдаи, кои ги итнересира каков ќе биде односот меѓу првите луѓе на Русија за кои се шпекулира дека влегуваат во тивка необјавена конкурентска битка. „Во 2012 г., заедно ќе размислиме при што ќе ги земеме предвид тогашните реалности, нашите лични планови, состојбите на политичката сцена и како стои партијата Обединета Русија, по што ќе донесеме одлука”, рече минатата година во септември Путин. Од ланската и од годинешнава изјава може да се заклучи дека Путин не ја исклучува можноста за уште една претседателска кандидатура во 2012 г., но тој во секој случај смета дека нема да има претседателска трка меѓу него и Медведев.Спротивно од Рар, портпаролот на рускиот премиер, Дмитриј Песков, одговорот на Путин за прашањето за тандемите, го толкува сосема поинаку. Според Песков, премиерот одговорил дека станува збор за два сосема различни тандема.„Таму заедништвото на спротивностите е заради краткорочни цели, тука, пак, единството во ставовите е во име на севкупната стратешка насока, при што ние лично имаме учество“, го цитира портпаролот својот премиер.Reuters, пак, тврди дека Путин искажал колебливост во врска со кандидатурата на рпетседателските избори во 2012 г.Според репортерот на агенцијата рускиот премиер објаснил дека пред изборите „ќе се реши што е најдбро за Русија, но дека ниту тој, ниту неговиот сојузник, претседателот Дмитриј Медведев, нема да дејствуваат спротивно на уставот“.„Се уште не сме решиле што е најдобро за Русија“, рекол Путин во Сочи, цитира Rеuters, што е уште едно повтроување на минатогодишната негова изјава по истото прашања.И Путин и Медведев во повеќе наврати навестија дека еден од нив ќе бдие кандидат за руски претседател во 2012 г. и дека за то а однапред ќе се договорат кој ќе биде тоа. Во Русија претседателот има шестгодишен мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

