Свет
Најмалку 15 загинати и 70 ранети во експлозија во Владикавказ
Најмалку четири лица загинаа во експлозија во централниот пазар во Владикавказ, a околу 50 се повредени, соопштија властите на Северна Осетија, пренесе РИА Новости
Според последните информации од Владикавказ, произлезени од изјавата на републичкиот министер за здравство, хоспитализирани биле повеќе 70 ранети лица.Портпаролот на министерството за внатрешни работи на Северна Осетија за руските агенции изјавил дека станува збор за класичен терористички напад со експлозивна направа која била поставена на влезот од централниот пазар во градот. Притоа тој потврдил дека има загинати најмалку 15 лица.Како што пренеува дописникот на агенцијата, имало многу повеќе ранети чија бројка се’ уште не може да се утврди. Полицијата го чистела пазарот од многуте пазарувачи и продавачи, страхувајќи дека е можна и втора подметната експлозија. Овој пазар инаку е еден од најголемите на кој доаѓаат продавачи и купувачи од целиот регион на Владикавказ.На местото на инцидентот пронајдено е обезглавеното тело на бомбашот-самоубиец, кој го активирал експлозивот. Се претпоставува дека во автомобилот имало од 30 до 40 килограми експлозив.Според последните извештаи, инцидент се случил во близина на главниот влез на пазарот каде експлодирала направа со моќност рамна на десет килограми тротил. Агенцијата Интефакс пренесува дека бројката загинати се’ уште не е потврдена и дека има повеќе десетици ранети од експлозијата која се склучила во 11.30 часот по локално време. Полициски извор за агенцијата изјавил дека најверојатно станува збор за експлозивна направа со сатен механизам која се активирала кога на пазарот имало најмногу луѓе. . На местото на нападот пристигнал и претседателот на Северна Осетија, Тајмураз Мамсуров и другите високи републички функционериНајкрвавиот терористички акт на овој пазар се случи во март 1999 г., Тогаш загинаа 52 луѓе а 160 беа тешко ранети. За овој напад кој се случи во буквално истото време како и сега, Врховниот суд на Северна Осетија, осуди четворца напаѓачи, еден на доќивотен затвор, двајца на 23 години и еден на 10 години затвор. На пазарот „Фалој“ исто така во Владикавказ, на 10 ноември 2001 г., загинаа пет лица а повеќе од стотина беа ранети со различни степени на тежина.на повредит.На 28 април 2002 г, во близина на централниот пазар во Владикавказ, во терористички напад животите ги загубија седум лица и неколку десетици луѓе беа повредени.На 6-ти ноември 2008 г, во центарот на главниот град на Северна Осетија се случи силна во близина на влезот на централниот пазар, предизвикана од бомбаш-самоубиец кога загинаа 11 луѓе и 40 беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

