Свет
Бројката загинати во Владикавказ се зголеми на 17
Податоците за жртвите варираат и се очекува зголемување на бројката загинати заради многуте ранети кои се наоѓаат во критична сосотјба, соопшти минитестерството за здравство на Северна Осетија, обајвувајќи дека бројката загинати од терористичкиот напад се зголемина на 17 лица, пренесе Интерфакс
„На списокот имаме 17 мртви“, изјавил Владимир Селиванов, републичкиот министер за здравство, додавајаќи дека во терористичкиот напад од четвртокот на централниот пазар во Владикавказ има стотна ранети со разни степени на тежина на повредите.Самоубиствениот напад со автомобил бомба беше извршен во четврток во 11.30 часот по локално време на влезот од најголемиот пазар во центарот на Владикавказ, главниот град на Северна Осетија. Таа е единствената доминатно христијанска република во регионот на руски Кавказ меѓу другите републики кои се доминантно населени со исламско население.Ова е најсмртоносен напад во Русија во регион со не-муслиамнско население по нападите во московското метро од март годинава кога беа убиени 42 луѓе.Рускиот Кавказ според годинешниов извештај на американската CIA е едно од најнестабилните подрачја во светот, потресуван од речиси секојдневни терористички акти изведувани од страна на исламистичктие сепаратистички бунтовници кои сакаат на оваа територија да создадат емират Кавказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

