Свет
Заврши референдумот во Турција, oпозициски лидер не успеа да гласа
Заврши референдумот за уставните реформи во Турција, кој според аналитичарите има цел да го засили исламско-конзервативниот режим во земјата
Изборните места беа затворени во 16 часот по македонско време, а првите резултати од референдумот се очекуваат за кратко време. На гласањето биле регистрирани неколку инциденти во градови со претежно курдско население, каде што имало обид да се попречи гласањето. Полицијата уапсила 90 луѓе.Најголем инцидент се случи кога лидерот на најголемата опозициона партија во Турција, секуларната Републиканска народна партија (CHP) Кемал Киличдароглу во недела не успеал да гласа на референдумот за уставните амандмани заради недоразбирање каде би требало да гласа, соопштила неговата партија, пренесува Reuters.Киличдароглу не бил правилно информиран за измените кои ги вовела главната пописна комисија за да го регулира каде парламентарците смеат да гласаат соопшти неговата партија. Изборната комисија забрани какво и да е објавување податоци пред 20 часот.За уставните реформи кои вклучувааат 26 нови или ревидирани амандмани со кои меѓу другото треба да го заштити правото на жените, децата и инвалиди, да се воспостави институцијата на омбудсман, ќе овозможи членување во повеќе во од еден синдикат, ќе се ублажи сегашното ограничување на работничките штрајкови и ќе им се даде право на државните службеници правото на колективно преговарање.Исто така, со амандманите власта вели дека овозможи и реструктуирање на Уставниот суд Врховниот совет на судиите и обвинителите (HSYK).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

