Свет
"Ромтрејд" нов сопственик на "Саса"
Собранието на доверителите на рудникот “Саса” од Македонска Каменица вчера во Основниот суд во Кочани одлучи купувач на “Саса” да биде фирмата “Ромтрејд”, со седиште на Карибите, која понуди 3,02 милиони евра.
СОБРАНИЕ НА ДОВЕРИТЕЛИ
Собранието на доверителите на рудникот “Саса” од Македонска Каменица вчера во Основниот суд во Кочани одлучи купувач на “Саса” да биде фирмата “Ромтрејд”, со седиште на Карибите, која понуди 3,02 милиони евра. Доверителите ја дисквалификуваа понудата на прворангираната фирма “Ерин венчерс” од Канада, која лицитираше со четири милиони евра. “Ромтрејд” во рок од три недели треба да ги уплати понудените пари.
Стечајниот управник и членовите на Собранието утврдиле дека канадската фирма не ги почитувала конкурсните правила бидејќи задолжителниот депозит од 100.000 евра го платила со еден ден задоцнување и со кусок од 75 евра, кои биле уплатени по една недела.
“Ромтрејд” најави рестартирање на рудникот за пет месеци, вработување на 920 работници и инвестирање на 26 милиони долари.
Овластениот претставник на “Ерин венчерс”, Драгољуб Јаиќ, вчера изјави дека канадската фирма максимално ги почитувала конкурсните правила и нивната понуда била подобра од таа на “Ромтрејд”.
– Требало при распишувањето на конкурсот да ја уфрлат и сликата на купувачот – изјави Јаиќ.
На вчерашното собрание присуствуваше и Славко Секулов, застапникот на словенечкиот бизнисмен Блажо Тасев, кој на доверителите и на понудувачите им подели писмени известувања во кои тврди дека судскиот спор за претходната продажба на рудникот уште не е завршен. (Љ.Ш.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

