Свет
Најмалку 15 загинати во напад на беспилотни летала во Пакистан
Најмалку 15 екстремисти загинаа во племенското подрачје во Пакистан, откако беа нападнати од две американски беспилотни летала, соопштија тамошните власти
Како што пренесуваат светските агенции, едно од леталата испалило проектил врз куќа во долна Шавала во Северен Вазиристан, при што загинале 11 лица.„Куќата служеше како прибежиште на талибанците“, пренесуваат светските медиуми,Другото летало испалило четири проектили во возило во Кватабела, село југоисточно од Мираншах, главен град на Северен Вазиристан. Во овој напад загинаа четворица патници кои се наоѓале во возилото
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поранешниот грузиски премиер претепан од членови на проруската владејачка партија
Во Батму, град на брегот на Грузија, брутално беше претепан поранешниот премиер и лидер на опозициската партија „За Грузија“, Георги Гахарија, кој се здоби со потрес на мозокот и скршеница на носот. За нападот се осомничени пратеници од владејачката партија Грузиски сон, а како што објави „Грузија Тудеј“ нападот се случил во фоајето на хотелот Шератон.
My solidarity is with @GakhariaGiorgi. We are living in dangerous times. #TerrorinGeorgia pic.twitter.com/9JBnxcQ2BW
— Gocha Gogsadze (@gocha_gogsadze) January 15, 2025
Според грузиските медиуми, очевидци тврдат дека во нападот учествувале пратеникот од партијата Грузиски сон Дмитриј Самхарадзе, со уште неколку лица. Полицијата соопшти дека покренала постапка по член од Кривичниот законик за телесни повреди, но не ги коментираат информациите за вмешаност на пратеникот во инцидентот.
Медиумите посочуваат дека полициската патрола пристигнала на местото само 40 минути подоцна, многу подоцна од Брзата помош. Во тоа време, персоналот на хотелот веќе почнал да го чисти местото на инцидентот, додека од клиниката во која бил пренесен Гахарија, бил пријавен дека тој одбил хоспитализација и ја напуштил болницата откако му била укажана прва помош.
JUST IN: For Georgia party leader and ex-PM Giorgi Gakharia attacked by regime MP and GD regional secretary Dimitri Samkharadze as well as Ajara Supreme Council members in Sheraton Batumi. Gakharia hospitalized. #terrorinGeorgia
According to journalist Gela Mtivlishvili. pic.twitter.com/DW2I39csCp— Marika Mikiashvili 🇬🇪🇺🇦🇪🇺 (@Mikiashvili_M) January 14, 2025
„Според достапните податоци, врз него е извршено физичко насилство. Извршени се клинички, лабораториски и инструментални прегледи. Пациентот е свесен, хемодинамиката е стабилна. Најтешките повреди се фрактура на носната коска и потрес на мозокот. Пациентот ја напуштил клиниката по своја слободна волја“, рече докторката Тако Шантаџе.
Партијата „За Грузија“ објави соопштение во врска со нападот врз нејзиниот лидер и повика на итна и темелна истрага.
„Партијата „За Грузија“ бара итна и темелна истрага за овој насилен напад организиран од режимот на Иванишвили и повикува сите одговорни да бидат целосно казнети. Овој политички мотивиран напад е јасен обид да се заплаши опозицијата и да се задуши несогласувањето. Таквите акции никогаш нема да ги замолчат гласовите кои се борат за демократската и европската иднина на Грузија“, се вели во соопштението.
Свет
Папата Франциско за злоупотребата на децата: Тоа е кривично дело, а не само социјално зло
Папата Франциско денеска изјави дека злоупотребата на деца е страшно злосторство.
„Злоупотребата на малолетници, без оглед на нејзината природа, е одвратен, страшен чин. Тоа не е само зло на општеството, туку и злосторство“, нагласи папата, пренесе Анса.
Тој исто така истакна дека тоа е „сериозно кршење на Божјите заповеди“.
Папата додаде дека ниту едно дете не треба да трпи злоставување и повика на будење на совеста, блискост и солидарност кон малтретираните деца и адолесценти.
Тој, исто така, повика на градење доверба со оние кои работат за да понудат безбедна средина каде децата ќе можат да растат во мир, пренесува Танјуг.
Свет
Захарова за прошталниот говор на Бајден: „На што се гордее?
Во својот проштален говор посветен на надворешнополитичките проблеми, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден кажа како и кому Соединетите Американски Држави наштетиле, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Со што се пофали Бајден? Што им презентираше на американскиот народ и на целиот свет како главна работа што ја направи за време на неговиот мандат? Кое е неговото главно достигнување за четири години? Зборуваше за тоа како САД им нанесува штета на другите земји“, оцени Захарова во емисијата на радио „Спутник“.
Таа го спореди говорот на Бајден со прес-конференцијата за резултатите од руската дипломатија во 2024 година што ја одржа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и ја нагласи разликата во пристапите кон надворешната политика.
„Ставот на Русија за тоа како да се направи најдоброто, ги надминуваме заедно. Кои опции постојат да не се сее лошо, зло и деструктивно, туку добро, креативно, хумано“, заклучи Захарова.