Свет
Изборите ги обединуваат руските десничарски опозиционери
Руската опозициски демократски партии и движења формираа коалиција со која ќе настапат на парламентарните избори од 2011 г. и ќе истакната еден кандидат за претседателските избори во 2012 г.
Како што пренесоа во вторник руските медиуми, во организацискиот одбор на новата коалиција ќе влезат поранешниот копретседател на Сојузот на десните сили, Борис Немцов, лидерот на Рускиот народно-демократски сојуз, поранешниот премиер Михаил Касјанов, поранешниот пратеник Владимир Рижков, економскиот стручњак Сергеј Aлексашенко кој е член на движењето Солидарност, и поранешиот член на партијата Јаблоко, Илја Јашин.„Претставниците на четирите демократски организации одлучија да формираат коалиција, со цел таа подоцна да се регистрира како партија која ќе учествува на парламентарните избори. Потоа ние сакаме на обединета демократска конвенција да избереме еден кандидат за претседател”, изјавил за РИА Новости член на новат аполитичак коалиција во Русија кој сакал да остане анонимен. На претходните парламентарните избори одржани во декември 2007 г., ниту еднс од десничарските партии не успеа да влезе во државната Дума. Повеќето руски аналитичари се согласуваат дека причината за тоа е неспособноста на десницата да се обединат за постигнување на нивните цели. Најстарите руски десничарски партии, Јаблоко и Сојузот на десните сили речиси цела година преговараа за обединување, но тоа не даде резултат. Есента 2008 г., три либерални партии – СПС, НДР и Граѓански сили се самораспуштија за да ја формираа партијата Правое дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

