Свет
Авганистанските талибаните киднапираа 18 лица ангажирани за изборите
Талибаните киднапираа осум службеници на провинциската изборна комисија и десет лица ангажирани во провинцискиот изборен штаб на еден од кандидатите за влез во авганистанскиот парламент во провинцијата Бадгис, пренесува РИА Новости повикувајќи се на локалнат априватна теливизија Tolo
Според авганистнаската телевизија, инцидентот се случил четвртокот навечер во округот Мукур. Службениците од изборна комисија и ангажираните во предизборниот штаб на еден од кандидатите по претходен договор доброволно дошле на состанок со претставници на талибаните, со цел да се договорат да нема напади врз избирачките места и процесот закажан за 18-ти септември. По разговорите, повеќе нема никави инфромации за 18-те луѓе, јавила авганистанската телевизија.Авганистанските медиуми во петок јавуваат повикувајќи се на цитирани претставници на изборната комисија во источната авгаистанска провинција Нангахар, дека исто така во петок во близина на градот Џалалабад бил киднапиран друг кандидат за парламентот.Од почетокот на изборната кампања за парламентарните избори во сабота, без овие два инцидента од петок, досега беа убиени 21 а се ранети 26 службеници на избирачки комисии и изборни штабови на кандидати за пратеници. Исто така, убиени се четири кандидати за пратеници а двајва се киднапирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британка загина на скијање на Алпите, удри во друг скијач
Британка (62) загина на скијање на француските Алпи. Англичанката скијала на една од најпредизвикувачките падини на француската планина кога се судрила со друг скијач, објавија локалните медиуми.
Несреќата се случила вчера околу 10 часот и 30 минути, кога удрила во 35-годишен маж кој во тој момент стоел на истата патека, јавува „Скај њуз“.
Службите за брза помош и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на несреќата, но не успеале да ја оживеат жената која починала од трауматски шок. Човекот со кој таа се судрила, исто така, бил британски државјанин.
Регион
Хрват од Истра предводел терористичка група, го поврзуваат со напади во Европа
Американскиот Стејт департмент во понеделникот го прогласи колективот Терорграм за терористичка група и воведе санкции за водачите на групата. Еден од нив е Хрват од Истра.
„Терорграм е транснационална терористичка група која оперира првенствено на социјалните медиуми и платформата за дигитални пораки Телеграм. Групата промовира насилен бел расизам, поттикнува напади врз перцепирани противници и обезбедува упатства и инструкциски материјали за тактики, методи и цели за напади, вклучително и критична инфраструктура и владини претставници. Групата исто така ги слави оние кои извршиле такви напади“, се вели во соопштението што го пренесе „Индекс“.
Групата ги поттикнала корисниците на Терорграм на напади, вклучително и пукање во октомври 2022 година пред ЛГБТ бар во Словачка, планиран напад на енергетски објекти во Њу Џерси во јули 2024 година и напад со нож во џамија во Турција во август 2024 година.
Во септември 2024 година, двајца водачи на американскиот терорграм беа обвинети. Во обвинението се наведени 15 точки, вклучувајќи поттикнување на извршување злосторства од омраза, поттикнување убиства на владини службеници и заговор за давање материјална поддршка на терористите.
Стејт департментот ги објави имињата на тројцата лидери на Терорграм:
Чиро Даниел Аморим Фереира е администратор на каналот Терорграм; Фереира е бразилски државјанин кој живее во Бразил.
Ноа Ликул е висок член. Тој е хрватски државјанин кој живее во Хрватска.
Хендрик-Вал Мулер е администратор на каналот Терограм; Мулер е државјанин на Јужна Африка кој живее во Јужна Африка.
Свет
Маж се самозапали во близина на канцеларијата за борба против корупција во Јужна Кореја
Маж се самозапали во близина на јужнокорејската канцеларија за истрага за корупција, каде што отповикуваниот претседател Јун Сук Јеол беше сослушан под обвинение за бунт, соопшти националната противпожарна служба.
Мажoт на возраст од околу 60 години имал тешки изгореници и бил онесвестен по инцидентот кој се случил околу пладне, соопштија од противпожарната служба. Новинската агенција „Јонхап“ претходно објави дека мажот починал.
Толпата луѓе кои протестираа против апсењето на Јун, поврзано со неговата ненадејна одлука да прогласи воена состојба на 3 декември, која ја втурна земјата во политичка криза, сè уште беа собрани пред канцеларијата во моментот на инцидентот.