Свет
Американската полиција отвори оган врз вооружен маж во близина на Капитол
Офицери на безбедносните органи во главниот град на САД биле принудени да отворат оган врз вооружен маж кој на повик од полицијата да го одложи оружјето, вперил во нив пиштол, јави во петок Associated Press.
Според портпаролот на полицијата наредничката Кимберли Шнајдер, информацијата за тоа дека во близина на Капитол, каде се наоѓа американскиот Конгрес, е забележан вооружен маж пристигнала во петок наутро. Кога полицајците побарале од нарушителот на законот да го положи оружјето, тој не се одѕвал. Наместо тоа, човекот го вперил пиштолот кон полицајците, а на тоа тие „страхувајќи за своите животи“ одговориле со отворање оган.Вооружениот маж чие име не е соопштено, бил ранет и хоспитализиран, но исто така нема информации за неговата состојба.Други детали, исто така, не се откриен, се додава во информацијата на AP.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Фон дер Лајен доби награда за воспоставување единство на земјите во ЕУ: Таа е моќниот глас на Европа
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен е наградена со меѓународната награда Карло Велики, меѓу другото и за нејзините заслуги во зајакнувањето на единството на земјите-членки на Европската унија, соопшти денеска Управниот комитет на наградата.
Фон дер Лајен ја доби наградата за „нејзините услуги за единството на земјите-членки, за спречување на пандемијата на (коронавирус), за единството на решеноста на ЕУ да се брани од Русија и за промовирањето на Зелениот договор“, се вели во соопштението, како што пренесува бриселската новинска агенција Политико.
„Таа ја персонифицира Европа. Таа е моќниот глас на Европа на светската сцена. Таа е таа што има сила да ги застапува интересите на Европа и нејзините сојузници во овие историски времиња“, се вели во образложението за наградата.
Свет
Израелски официјален претставник потврди: Хамас даде зелено светло за договорот за прекин на огнот во Газа
Висок израелски функционер потврди денеска дека Хамас се согласил на договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, предложени од Катар, пренесе Ројтерс.
Како што објави „Тајмс оф Израел“, висок израелски функционер изјави за веб-страницата „Вала“ дека е постигнат напредок во преговорите со Хамас за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.
Веб-страницата цитираше друг официјален претставник дека Израел е оптимист дека договор ќе биде постигнат најдоцна до утре.
И палестински извор изјавил дека има напредок во разговорите во Катар и дека договорот најверојатно ќе биде потпишан до утре, објави Тајмс оф Израел.
Неименуваниот извор изјавил дека е постигнат напредок на состанокот на лидерите на Хамас, што се одржа рано утрото, каде што биле решени речиси сите прашања, вклучително и она со мапите.
Свет
Почина патник на лет од Париз
Патник почина на летот на „Ер Франс“ од Париз за Бостон и покрај обидот на лекарот да го спаси.
Патникот доживеал итна медицинска ситуација за време на повратниот лет за Бостон, според извештаите, пишува „Дејли мејл“.
Полицијата ја опиша смртта како неочекувана, но не соопшти повеќе детали.
Идентитетот на лицето нема да биде објавен додека најблиските не бидат известени.