Свет
Најмалку 10 мртви во бомбашки напад во Иран
Најмалку десет луѓе загинаа при експлозија на бомба на воена парада во градот Махабад во северозападен Иран, а властите за нападот ги обвинија курдските сепаратисти кои во тој регион оперираат неколку децении, javuva Assocaited Press
Според иранските медиуми, загинатите биле дел од публиката на парадата, а од експлозијата се ранети и 57 луѓе. Повеќето од жртвите се жени и деца .Махабад се наоѓа во непосредна близина на границите со Турција и со Ирак. Иранските сили повеќе години се борат против курдските бунтовници од иранското крило на Курдската работничка партија, која свои борци има и во Турција и во Ирак. Оваа група досега не напаѓала цивили во Иран, поради што се верува дека бомбата експлодирала предвреме.Иранските државни медиуми го пренесоа официјалното соопштение на иранската влада дека нападот бил изведен од „контрареволуционерите“, како што тие ги нарекуваат курдските бунтовници и дека била изведена „со голема помош од странски влади“.„Овој потег има странски корења. САД и нејзините сојузници се присутни во регионот“, се вели во соопштението.Парадата била една од повеќето одржани ширум земјата по повод 30-годишнината од почетокот на иранско-ирачката војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos
Свет
САД: Три наши борбени авиони беа случајно соборени од Кувајт
Централната команда на САД објави дека три американски борбени авиони биле соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“.
Кувајтската воздушна одбрана погрешно собори борбени авиони F-15E Strike Eagle доцна во понеделник навечер по источно време.
„За време на активните борбени операции, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, борбените авиони на американските воздухопловни сили беа погрешно соборени од кувајтската воздушна одбрана“, се вели во соопштението.
„Сите шест члена на екипажот успешно се катапултираа, беа пронајдени безбедни и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент и ние сме благодарни на кувајтските одбранбени сили за нивните напори и поддршка во оваа операција.“
Причината за инцидентот е под истрага, според CENTCOM. Авионите учествувале во воена операција против Иран наречена Операција Епски бес.
Министерот за одбрана на Кувајт претходно во понеделник наутро изјави дека се урнале „неколку“ американски борбени авиони.
фото/Depositphotos
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos

