Свет
Ал Каеда ги одбива нападите на јеменската армија
Јеменските борци на Ал Каеда кои се опколени во селото Хавта на југот на Јемен и натаму успеваат да ги одбијат постојаните напади на владините сили поддржани од тенкови и артилерија, кои се обидуваат повторно да го заземат местото
Илјадници луѓе веќе избегале од селото и од околината во провинцијата Шабва откако владините сили ја започнаа опсадата на селото пред три дена. Операцијата е сигнал за зголемениот интензитет на владината кампања, поддржана од САД, за искоренување на локалниот огранок на терористичката мрежа, позната како „Ал Каеда од Арапскиот полуостров“.Локални функционери соопштија дека најмалку четворица борци на Ал Каеда и еден цивил загинале од саботата наваму, додека медицински извори велат дека во борбите до сега се ранет најмалку деветмина војници. Преку 20 осомничени милитанти се заробени.Владината операција, која има за цел да ја уништи терористичката ќелија која брои 120 луѓе започна по серијата напади на оваа група врз контролните пунктови и истурените позиции на јеменските сили за безбедност.Воени извори велат дека терористите користат снајперски оган и нагазни мини за да ги одбијат владините сили, што ги присилува да ја променат тактиката.Владата на Јемен веќе подолго време се обидува да се избори за контрола врз областите на југот на земјата , кои сега ги контролираат моќните племиња, од кои некои се блиски до Ал Каеда и други исламистички милитанти кои оперираат во регионот. Јемен е најсиромашната држава во арапскиот свет и е оптоварена и со други внатрешни безбедносни закани, како што се постојаните бунтови на северот на земјата и сепаратистичкото движење на југот, кое нема врска со исламските милитанти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

