Свет
ОН за намалување на смртноста кај мајките и децата
На самитот за сиромаштија на ОН во Њујорк, светските лидери ветија 40 милијарди долари за борба против смртноста на сиромашните мајки и нивните деца во светот
Американскиот претседател Барак Обама им ги претстави на учесниците на состанокот милениумските цели за намалување на сиромаштијата во светот и рече дека САД во иднина помалку ќе се концентрира на давање финансии, туку повеќе на вистинско помагање на развојот на сиромашните држави.Тоа според него, подразбира користење на дипломатија, трговија, политики на инвестирање и други ресурси за помош на тие земји, а ваквата промена на пристапот содржана е во новата глобална развојна политика на американската администрација.Прашањето за морталитетот кај мајките и децата беа во центарот на самитот. Проценките кажуваат дека годишно во светот умираат осум милиони деца пред да наполнат пет години, додека годишно умираат 350 илјади жени за време на бременоста или за време на породувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

