Свет
Убиен вториот човек на FARC
Колумбиската војска го убила денеска Хорхе Брисено, втор човек во Револуционерните оружени сили на Колумбија (ФАРК), со што на бунтовничката војска и е зададен најтежок удар, оценуваат властите во Богота
Смртта на Хорхе Брисено е најсериозна загуба за левичарскиот FARC, последна поголема бунтовничка војска на јужната хемисфера, откако во средината на 2008. година беше убиен нејзиниот „министер за надворешни работи“ Раул Рејс, при ослободувањето на 15 заложници. Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос изјави пред новинарите во Њујорк дека ликвидацијата на Брисено е дури поважна од бомбашката акција преку границата со Еквадор, кога беше убиен Рејс.Ви јули беше убиен Хаиме Мануел Лара Хернандез, кој беше сметан за водач на герилците на FARC во провинцијата Боливар.Вооружената формација FARC (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia), како и другите помали екстремни организации во Колумбија, се финансира од продажби на кокаин, a e формирана во 1964 г. од страна на Комунистичката партија на Колумбија. Тие поведоа војна за воспоставување на „Нова Колумбија“ или „општество на социјална справедливост и еднаквост“. Таа е ставена на списокот на САд и на Европската Унија како една од терористичките органзиации. Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 г. претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илајди.Успехот во борбата против оваа пaравојска му се припишува на проанешнито претседател Урибе, чиј татко во 1983 г. беше киднапиран и убиен од оваа организација. Урибе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанска војна. Неговата политика добива значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

