Свет
Триесетина хоспитализирани во експлозија во Махачкале
Бомбаш самоубиец во петокот доцна навечер извршил напад во центарот на главниот град на немирната руска република Дагестан, при што се ранети 42 лица од кои 30 се хоспитализирани, јави Интерфакс
Како што во сабота изјавил за агенцијата, портпаролот на дагенстанското министерство за внатрешни работи Владимир Маркин, овој напад е класифициран како терористички акт. Засега нема осомничени за нападот, додал Маркин.Бомбашот сомоубиец се разнесол во безбедносната зона додека полицијата спроведувал антитерористичка операција на булеварот Акушински во Махачкале, пренесува РИА Новости. Според различни извори на агенцијата меѓу 30-те повредени се и полициски офицери и цивили, меѓутоа нема информации за тежината на повредите.Ианку во петокот доцна попладне најмалку седум исламски екстремисти беа убиени во два одделни судири со силите на безбедност во руската република Дагестан. Петмина екстремисти биле убиени во судир во едно село, додека двајца екстремисти биле застрелани во операција во главниот град Махачкала кога се случил и самоубиствениот напад.Вооружените судири на северот на Кавказ се речиси секојдневни, а нападите над руската полиција во Чеченија и Дагестан им се припишуват на исламските бунтовници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

