Свет
Северна Кореја во исчекување на новиот лидер
Делегатите на партиската конференција почнаа да пристигаат во Пјонгјанг, каде што утре ќе се одржи конгрес на Рaботничката партија на Северна Кореја, на која се очекува да биде именуван наследникот на Ким Јонг-ил
Аналитичарите во Јужна Кореја проценуваат дека се работи за најголемиот политички собир последните децении, што може да се спореди само со оној од осумдесеттите години на минатиот век, кога Ким Ил Сунг го претстави својот син Ким ЈОнг-ил како иден наследник.Смените во Пјонгјанг не се вршат одеднаш, па така претставувањето на новиот лидер е прв чекор во неговото вклучување во политичкиот живот и можат да поминат месеци, па дури и години додека да го замени сегашниот лидер.Брзата смена може да се случи само доколку дојде до нагло влошување на здравствената состојба на Ким Јонг-ил, кој според пишувањата на странскиот печат, претрпел два мозочни удара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

