Свет
Во пад на хеликоптер на ОН во Пакистан десет загинати
Хеликоптер на Обединетите нации се урнал во петокот во јужниот дел на Пакистан, при што настрадале десетте лица кои биле во леталото, јави новинската агенција Синхуа која го цитира офицерот на пакистанската армија, Ахмед Зубаир
Несреќата се случила кога хеликоптерот го надлетувал езерото Манчар во провинција Синд. Првичните информации за несреќата говорат дека станува збор за технички дефект на хеликоптерот. Меѓу настраданите седум се Пакистанци и тројца странци чијашто националност се уште не е утврдена. На местото на хеликоптерската несреќа биле испратени спасувачи, додал Ахмед Зубаир.Според Синхуа, жртвите биле евакуирани во кинеската привремена болница. Хеликоптерот се урна во област која е погодена од најголемите поплави во последниве 80 години во Пакистан. Силните монсунските дождови, кои започнаа да врнат на крајот од јули, продолжија и пеку целиот август што доведе до драстичен пораст на водите во басенот на реката Инд една од главните водени артерии во Пакистан. Реката, излевајќи се од своето корито според различни проценки, поплави до 20 отсто од земјата. Бранот поплави што почнаа во северните области на Пакистан и постепено да се спуштаа кон југ, зафаќа и нови области од земјата. Последните проценки десет милиони луѓе останаа своите домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Што ќе направи Галскиот петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа би бил одличен европски преседан“, напиша Медведев на Икс.
The Gallic cock has crowed that, if the sovereignty of Denmark is affected, the consequences would be unprecedented. Ooh, what they will do?! Kidnap POTUS? Nuke the US? Course not. They’ll just shit their pants and give up Greenland. And that’d would be a great European precedent
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 14, 2026
Макрон вчера се осврна на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, како што објави портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и сојузник биде загрозен, последиците ќе бидат невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Свет
Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда
Иран има подготвено потенцијални одговори во случај САД да ја нападнат земјата, а одмаздата би била насочена кон воени објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Сирија, објави Си-Ен-Ен. Американските претставници укажуваат на зголемени ризици за американските сили во регионот поради страв од напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано предупредуваше на воена акција и сега, според претставниците, е под притисок да дејствува.
„Тој повлече црвена линија и чувствува дека треба да направи нешто“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со внатрешните дискусии.
Во меѓувреме, дебатата за следните чекори продолжува во рамките на американската администрација. Потпретседателот Џ.Д. Венс претседаваше со состанок на високи претставници за да се разговара за моменталната ситуација, при што тимот за национална безбедност на Трамп е поделен околу тоа дали да се започне воен напад.
Претставниците изјавија дека секоја акција би го избегнала распоредувањето на копнени сили и нема да претставува почеток на продолжена воена кампања. Една опција што се разгледува вклучува таргетирање на објекти поврзани со иранските безбедносни служби.
фото/Depositphotos

