Свет
Русија ги заврши преговорите за влез во СТО

Рускиот претседател Дмитриј Медведев и неговиот американски колега, Барак Обама, во телефонски разговор потврдиле дека двостраните преговори за приклучување на Русија кон Светската трговска организација завршиле
„Двете страни објавија дека согласно постигнатите договори, склучени по разговорите во Вашингтон, двостраните преговори за членство на Русија во СТО се завршени“, изјавила портпаролката на Медведев, Наталија Тимакова, пренесува Бгнес.Русија е последната голема економска сила што се уште не е интегрирана во меѓународниот трговски систем.На 21. септември рускиот премиер Владимир Путин посочи дека неговата земја е подготвена за влез во СТО од 1. јануари 2011 година, но додаде дека тој чекор може да се случи и пред тоа.Преговорите за руско членство во СТО започна уште во 1993 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски министер за одбрана: Ако Хезболах нападне, повеќе нема да постои

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Хезболах ќе биде уништен ако либанската организација го нападне Израел како поддршка на Иран.
„Генералниот секретар на Хезболах не учи ништо од судбината на своите претходници и се заканува дека ќе дејствува против Израел по наредба на иранскиот диктатор.
Предлагам овој либански пион да биде внимателен и да разбере дека Израел го изгубил трпението со терористите кои му се закануваат. Ако се случи тероризам – Хезболах повеќе нема да постои“, напиша Кац во објава на Икс.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.