Свет
Медведев: Лукашенко се обидува од Русија да направи непријател на Белорусија
Рускиот претседател Дмитриј Медведев смета дека белоруското раководство се обидува од досегашниот голем сојузник Русија да направи еден од главните непријатели на Белорусија
„Желбата пред домашната јавност да прикаже надворешен непријател, отсекогаш беше карактеристика на белоруското раководство. Порано во таа улога ги користеше Америка, Европа, Западот во целина. Сега за еден од главните непријатели е прогласена Русија“, напишал рускиот претседател Димитриј Медведев на својот блог, пренесуваат во недела навечер руските медиуми.Според Медведев, во последно време забележлива е анти-руската реторика кај раководството на Белорусија..„Изборната кампања таму е целосно изградена на анти-руски изводи, на хистерични обвинувања за неподготвеноста на Русија да ја поддржи Белорусија и белоруската економија, се искажуваат клевети за руското раководство. Зад сево ова се покажува јасната желба да се судрат државите и, според тоа, народите“, пишува Медведев. Медведев забележува дека целата предизборна кампања Лукашенко ја гради на обвинувања за Русија и нејзиното раководство, занимавајќи се со тоа дека и руските медиуми, како и руската економија ја поддржуваат белоруската опозиција, „па дури искажува и загриженост за некои наши пензионирани високи функционери или сменети чиновници“, пишува рускиот претседател на својот блог.Според Медведев, Лукашено отишол многу предалеку од дипломатските правила, и не се раководи од нив туку од елементарните човечки слабости, што, како што признава, рускиот претседател, кај неговиот белоруски колега „не се особена новост“. Медведев во блогот го советува својот белоруски колега да се справува со внатрешните проблеми, вклучувајќи го, конечно, и истражувањето на бројните случаи на исчезнувања Руси, како и државјани на други земји.„Се сеќавам дека јас бев изненаден кога на нашата прва билатерална средба, наместо да се фокусира на руско-белоруската соработка, тој многу детално и исклучиво во негативна конотација почна да зборува за моите претходници на функцијата претседател на Русија -. Борис Елцин и Владимир Путин. Тогаш го потсетив мојот колега дека нашите разговори се за многу поразлични теми“, вели Медведев..Рускиот претседател истакна дека по распадот на Советскиот сојуз поддршката на белоруската економија од страна на Русија била огромна, со оглед на братските односи меѓу двете земји. А само оваа година заради поволната понуда на нафта помошта за Белорусија изнесувала речиси две милијарди долари. Слично стоело, според Медведев, и во поглед на субвенциите за Белорусија на снабдувањето со руски гас.Рускиот претседател набројувајќи ги меѓународните и регионалните организации каде двете соседни држави заеднички соработуваат, вели дека неговата земја останува партнер на Белорусија а „народите и по завршувањето на оваа бесмисленост“ остануваат братски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

