Свет
Отпуштен Глодурот на најголемиот египетски опозициски весник
Главниот и одговорен уредник на најголемиот независен весник во Египет, Ал-Dustour, познат по својата остра критика на режимот, Ибрахим Иса бил отпуштен откако одбил да се отстрани статијата на влијателен претставник на опозицијата
Според светските агнеции, кои се повикуваат на пишувањата на египетските медиуми во вторник, станува збор за статија на поранешниот прв човек на Меѓунароната агенција за атомска енергија (IAEA), Мохамед ел-Барадеј.Според изјавата на самиот Ибрахим Иса, тој за отказот бил информиран доцна навечер во понеделникот, а ноќта кон вторник од редакциските канцеларии на весникот Ad Dustоur бил запленети компјутери на новинарите што го стави под знак прашање печатењето на следниот број на весникот.„Подоцна, трети лица ми објаснија дека сопствениците на весникот биле крајно незадоволни со објавувањете на статијата на Мохамед ел-Барадеј по повод 37-годишнината од арапско-израелската војна од октомври 1973“, изјавил Иса за египетските медиуми.Во втоrник новинарите од интернет изданието на Ad-Dustour, соопштиле дека нема да објавуваат вести во знак на протест против разрешувањето на главниот и одговорен уредник.Пред неколку месеци Ad-Dustour беше преземен од страна на двајца партнери, од кои едниот е лидер на либералната опозициска партија Вафд, Сејид Бадави. Партијата Вафд инаку во египетскиот парламент иам само неколку пратеници а неодамна тие јавно одбија да се приклучат на бојкотот на претстојните парламентарни избори што треба да се одржат во ноември 2010, на што повика и ел-Барадеј кој бара радикални демократска трансформација на Египет.Мохамед Иса е истакната личност на египетското новианрство, во 2008 г. беше осуден на шест месеци затвор за ширење наводно лажни инфромации за здравјето на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Тој потоа беше помилуван лично од претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.
Свет
Руте понуди решение за тензиите меѓу Вашингтон и Копенхаген
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предложи можно решение за спорот меѓу Соединетите Американски Држави и Данска околу Гренланд, јавува CNN, повикувајќи се на европски извори.
Според телевизиската мрежа, Руте предложил ревизија на Договорот за одбрана на Гренланд од 1951 година, со цел во документот да се вклучат јасни гаранции што би ги забраниле кинеските инвестиции на овој остров. Таквиот чекор, како што е посочено, би можел да одговори на безбедносните загрижености на Вашингтон и во исто време да ги намали тензиите со Копенхаген.
Руте верува дека измената на постојниот договор би претставувала институционална рамка што би спречила понатамошно влошување на односите меѓу САД и Данска, а воедно би го задржала постојниот систем на колективна безбедност во рамките на НАТО.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно неколку пати изјави дека Соединетите Американски Држави сакаат да го купат Гренланд, тврдејќи дека Данска не е во состојба соодветно да ја брани таа територија.
Свет
Норвешка испраќа писма до граѓаните: Имотот може привремено да се конфискува во случај на војна
Норвешката војска објави дека илјадници граѓани ќе добијат писма во кои се наведува дека нивните домови, возила, чамци и машини може привремено да се конфискуваат во случај на војна.
Во соопштението се наведува дека писмата немаат практично влијание во мирновременски услови, освен што ги информираат сопствениците дека војската може да го преземе нивниот имот во случај на конфликт, објавува „Јуронјуз“.
„Целта на реквизициите е да се обезбеди дека, во воени услови, вооружените сили имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, се наведува во соопштението на војската.
За 2026 година ќе бидат издадени околу 13.500 подготвителни барања, а секое барање важи една година.
Околу две третини од писмата планирани за 2026 година претставуваат обновување на барањата од претходните години.
„Важноста на подготвеноста за кризи и војна драматично се зголеми во последните години“, рече раководителот на воената логистичка организација, Андерс Јернберг.
Тој изјави дека Норвешка се наоѓа во најсериозна безбедносно-политичка ситуација од Втората светска војна и дека општеството мора да биде подготвено за безбедносно-политички кризи, а во најлош случај за војна, со значително зајакнување на воената и цивилната подготвеност.
Норвешка, еден од основачите на НАТО, ја зајакна својата одбрана во последните години, истакнува гореспоменатиот портал.
Норвешка дели поморска и копнена граница од 198 километри со Русија.

