Контакт

Свет

Најстариот син на Ким Јонг-Ил се спротивстави на префрлањето на власта на брат му

Објавено пред

Најстариот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ил и голем вљубеник во казината, Ким Јонг-Нам, изјави дека е против наследниоттрансфер на власта кон неговиот помлад полубрат, пренесува Associated Press

dobivaj vesti na viber

Иако неговото неодобрување не изненадува, ова е прв јавен знак на дисхармонија во целосно кореографираната транзиција на власта во Северна Кореја, велат познавачите.„Јас сум против третата генерација на наследување на власта, но мислам дека има внатрешни фактори и ние мораме да се однесуваме според нив“, вели 39-годишниот Ким Јонг-Нам во интервјуто дадено во Пекинг за јапонската телевизија Asahy. Тој додава дека се надева оти неговиот помлад брат ќе стори се што може за да донесе изобилство во животите на Севернокорејците и дека е подготвен да помогне од странство.Ким Јонг-Нам е најблиску од сите Севернокорејци до она што може да се нарече „плејбој“. Иако го има семејниот голем стомак, тој сака да се облекува во скапи дизајнерски костуми и чевли и е еден од најчестите посетители на коцкарниците во Макао. За разлика од неговите бедни сограѓани, нам слободно шета по светот, најчесто во Пекинг. Во 2001 г. тој го посрами татко му  целото раководство на земјата, кога го фатија со лажен пасош при обидот да влезе во Јапонија. Тој тогаш рече дека сакал да го посети Дизниленд.Нам нема никаква, ниту политичка, ниту воена поддршка во својата земја и затоа не се очекува неговата изјава да има поголем ефект.Неговиот најмлад брат, Ким Јонг-Ун, за кого се претпоставува дека има меѓу 26 и 28 години, неодамна беше промовиран во генерал со четири ѕвездички и беше поставен на висока политичка функција.Аналитичарите на Северна Кореја велат дека неговиот избор за наследник е сигурен, затоа што ја има поддршката на моќната армија, чии генерали сметаат дека неговата младост и неискуство го прави подложен на лесни манипулации со него.За третиот или средниот син на Ким Јон-Ил, Ким Јонг-Чол, се знае многу малку, освен дека студирал во Швајцарија и дека е голем обожавател на американската професионална кошарка.

Свет

Иранскиот министер за надворешни работи: Рубио призна дека отишле во војна поради Израел

Објавено пред

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека американскиот државен секретар Марко Рубио „признал“ дека Вашингтон влегол во „војна по избор“ против Техеран „во име на Израел“.

dobivaj vesti na viber

„Господинот Рубио призна она што сите го знаевме: Соединетите Американски Држави влегоа во војна по избор во име на Израел“, рече Арагчи, во услови на тековната американско-израелска офанзива врз Иран, која започна во саботата.

Нагласувајќи дека „никогаш“ немало иранска закана, Арагчи тврди дека „и американската и иранската крв затоа е на грбот на израелските поддржувачи“.

Тој ги повика американските граѓани да „ја вратат својата земја“, велејќи дека „заслужуваат подобро“. Нападите врз Иран од страна на Израел и САД предизвикаа критики од демократите против администрацијата на претседателот Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“.

Трамп претходно изјави: „Ги повикувам сите ирански патриоти кои копнеат по слобода да го искористат овој момент, да бидат храбри, решителни и херојски и да ја вратат својата земја“.

Од саботата, во заедничките американско-израелски напади загинаа голем број високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран одговори со напади со беспилотни летала и ракети, насочени кон локации поврзани со САД во Заливот.

Шест американски војници се убиени, а неколку други се тешко повредени. Според иранската Црвена полумесечина, бројот на жртви од воздушните напади на САД и Израел од саботата се искачи на 555.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка го повлекува персоналот од Катар, Кувајт, Бахреин, Јордан…

Објавено пред

САД денес им наредија на некои владини службеници и нивните семејства да ги напуштат Катар, Кувајт, Бахреин, Ирак и Јордан и затворија неколку дипломатски мисии низ регионот поради ескалацијата на конфликтот со Иран.

dobivaj vesti na viber

Мисија на САД во Саудиска Арабија беше затворена утрово по нападот со беспилотни летала, а на Американците во Џеда, Ријад и Дахран им беше наредено да се засолнат. Американската амбасада во Кувајт соопшти дека ќе остане затворена до понатамошно известување и дека сите редовни и итни конзуларни состаноци се откажани.

Во Израел, амбасадата на САД соопшти дека не е во можност да евакуира или директно да им помогне на Американците кои сакаат да ја напуштат земјата и им советуваше на граѓаните сами да направат безбедносни планови.

Мерките доаѓаат во време кога конфликтот меѓу САД, Израел и Иран се шири низ регионот, што доведе до зголемена безбедност во дипломатските објекти на САД и ограничувања за посети на воени објекти.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Експлозии и огромни столбови чад во близина на Техеран

Објавено пред

Снимката што ја геолоцираше Си-ен-ен покажува чад како се издига во Пардис, град источно од иранската престолнина Техеран, откако Израел објави дека го напаѓа главниот град, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „голем бран“ напади врз Иран.

dobivaj vesti na viber

На снимките може да се слушнат експлозии, а најмалку три облаци чад се издигаат од планинска област.

Експлозии одекнаа и во различни делови од покраината Исфахан во централен Иран во вторник наутро, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр. Напади беа пријавени и во Кангавар на западот од земјата и во Шираз, град во југо-централен Иран.

„Уништивме стотици балистички ракети и гледаме дека нивните системи за истрелување се забавуваат“, изјави портпаролот на израелската војска, Надав Шошани, на брифинг во вторник. „Ја намаливме нивната способност да истрелуваат ракети кон нас и регионот“.

Шошани додаде дека Иран сега нема „способност да испукува ракети во големи количини“ и дека ова останува „клучен фокус“ ​​за израелските сили во наредните денови.

Претходно, Израел соопшти дека целите на нападите биле ирански ракетни лансери и системи за воздушна одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет2 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет2 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет3 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет3 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет3 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет3 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија11 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија12 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ13 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија16 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија18 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија18 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија20 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија21 час

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија21 час

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија22 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија22 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија22 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија23 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...