Свет
ОН ги продолжуваат мисиите во Херат
Институции на ОН ќе го продолжат своето присуство во западната авганистанска провинција Херат, и покрај нападот од саботата врз мисијата
Ова се вели во соопштението објавено во Кабул, од специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, за помош на мисијата во Авганистан (UNAMA) Стефан де Мистура Во саботата околу пладне терористи го нападнаа објектот во кој беше сместена мисијата на Обединетите нации, но во соопштението се нагласува дека нема повредени од персоналот и членови на мисијата на светската организација. .Во нападот беа ранети припадник на обезбедувањето на објектот и еден полицаец Де Мистура изразил длабока благодарност до вработените на меѓународната приватна компанија за обезбедување, зашто успеале да ги заштитат вработени на ОН, на авганистанската полиција и службени лица, како и војниците од Меѓународните сили за помош во Авганистан (ИСАФ), за помош во неутрализирање на нападот на терористите.„Обединетите нации во Авганистан за поддршка на напорите за постигнување мир, му помога на авганистанскиот народ преку обезбедување хуманитарна помош и одржување на долгорочен развој на напорите во Авганистан, со подобрување на благосостојба на народот на оваа земја“, изјавил Де Мистура.Според гувернерот на покраината Херат, Дауд Саба, нападот го извршиле четорица терористи, односно бомбаши-самоубијци. Првиот од нив со автомобил бомба се разнел во портата на комплексот обејкти во кој има повеќе претставништва на странски мисии. Вториот облечен во женска облека и вооружен со рачен фрлач на гранати бил убиен на влезот во објектот од страна на обезбедувањето, додека двајца влегле во објектот на мисијата на ОН. Таму се водела престрелка меѓу бунтовниците и полицајците, во која биле убиени двајцата напаѓачи. Во времето на нападот врз објектот на ОН кој е недалеку од аеродромот во Херат, имало околу 40 странски и авганистански соработници на разни институции на Обединетите нации.Ова е втор напад на институции на ОН во Авганистан. Есента 2009 г. талибаните нападнаа комплекс за сместување на членовите на мисиите на ОН во Кабул кога беа убиен 11 лица, од кои четворица странски припадници на ОН:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

