Свет
Возела дрогирана со пет дроги
Сообраќајната полиција и нивните колеги од неодамна во нивната работа го воведоа дрегер дрога-тестот за тестирање на на возачите дали возат под дејство на наркотици.
ВЕСТ ВО НОЌНА СМЕНА СО СООБРАЌАЈЦИТЕ И ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА НЕДОЗВОЛЕНА ТРГОВИЈА ОД МВР
Сообраќајната полиција и нивните колеги од неодамна во нивната работа го воведоа дрегер дрога-тестот за тестирање на на возачите дали возат под дејство на наркотици.
Полноќ во Градскиот парк во Скопје. На кренатата светликава палка со знакот стоп црно такси “фиат типо” се паркира. Пред сообраќајците излезе крупно момче со портокалова коса и иста таква брада.
“Добровечер, вашите документи ве молам”, му се обраќа сообраќаецот на младиот таксист. Момчето ги дава документите. Додека двајца полицајци ги проверуваат документите, нивните колеги почнуваат да го подготвуваат новиот дрога-тест за да проверат дали момчето употребувало дрога. Во меѓувреме двајца момци од секторот за недозволена трговија, популарното НТШ, го претресоа момчето. Кај него немаше ништо, но во неговиот автомобил најдоа лист хартија – телефонска сметка, а во него дрога. Марихуана, некаде околу две дози, за два џоинта, и хартија за виткање цигари.
Новиот дрога-тест дрегер е подготвен. Додека полицајците му објаснуваат дека ќе му направат дрога тест се подготвува стапчето со кое треба да се земе плунка од неговата уста. Момчето почнува со стапчето да трие во устата за да собере доволно плунка. Откако насобра доволно примерок од плунката беше ставен во дрегерот. За резултатот требаа 15-тина минути. Додека чекавме полицијата разговараше со момчето од каде му е марихуаната. Ми ја донесе другар, одговара тој. Полицијата му ги зеде регистерските табличките и такси-таблата. Со момчето таксист беше и неговата девојка. Неа ја претресе полицајка и таа се врати да го чека момчето во автомобилот.
Дрегерот анализира, а останатите сообраќајци си ја тераат работата. Контрола на документите, алко-тест…
Додека екипата на “Вест” дежураше во трета смена заедно со сообраќајците возачите кои околу еден часот по полноќ се прибираа дома мораа да ја поминат старата добро позната процедура – дување за акло-тест. Оние кај кои беше утврдено недозволено присуство на алкохол во крвта заработуваа соодветни пријави. Не наидовме на познатото натегање: си пиел! Не, не сум пиел!
Со сообраќајците дежуравме четири часа. По полноќ возачи беа сопругите. Пијаните и поднапиените мажи им даваа на нивните сопруги или девојки да возат. Од кафеана до дома само во прва, ама тоа и не е толку важно. Работата е да се стаса безбедно дома и пијаниот да не седнува зад воланот.
На 10-тата контрола стаса дојавка. Последна 57-ка, да се однесе дрегерот за дрога тест.
Полициските патроли тргнуваат во Козле каде се наоѓа последната постојка на автобусот “57”.
Сообраќајците запреле два автомобила. Во едното возило неколкуте момчиња беа фатени пијани. Биле на свадба на братот на возачот. Процедурата запазена, дување во алкомерот, направен записник.
Во вториот автомобил две девојки по 22-23 години. Им нашле џоинт. Девојката што го возеше автомобилот требаше да даде плунка за дрога-тест. Нејзината другарка остана во автомобилот да заврши процедурата. За 20-тина минути излегоа резултатите. Тестот на плунката покажа дека употребувала марихуана, амфетамини, кокаин, метадон и опијати. Од 15-тината видови наркотици и опијати што дрегерот може да открие, девојката беше позитивна на дури пет дроги.
Полицајците се надеваат дека употребата на дрегерот ќе донесе резултати, дека ќе се намали возење под дејство на наркотици. Се надеваат и дека брзо ќе се расчуе за дрога-тестовите и дека онаа народната дека стравот лозјето го чува ќе се покаже точна во случајот. (Е.З.) Фото: О. Теофиловски
***
Дрегерот како превентива
Со новиот дрога-тест што МВР го вклучи во неговата работа полицијата се надева дека ќе се намали употребата на наркотици. Полицијата вели дека ова треба да дејствува како превентива, оти незамисливо е возење под дејство на наркотици, особено кај таксисти кои не само што треба да се грижат за себе туку и за нивните патници.
За сега бројот на дрога-тестовите не е доволен целосно да ги задоволи потребите и со него се работи во Скопје, но, како што најави Ајет Незири, помошник-директорот во Секторот за безбедност во сообраќајот, дрегерот ќе биде употребен и во другите градови во државата.
“Ваквите екипи се организирани и составени од колеги од разни служби за поголема ефикасност. Местата каде ќе вршиме контроли ги бираме според наши сознанија. Во Скопје има околу 3.500 зависници, а во Македонија околу 5.000 што значи дека треба работа”, појаснува Незири.
Пред да се набави дрегерот проверката за дрога се правеше во Клиничкиот центар, преку крв и урина, но сега процедурата е олеснета и забрзана. Дрегерот ја анализира не само плунката од контролираното лице, туку и прашкасти материи што ќе се пронајдат при проверките. Доволно е само малку од материјата да се раствори во вода, да се стави тоа во дрегерот и да се почека 10-тина минути за резултат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка: Европа мора да се вооружа со сила и одлучност
Европа мора да се вооружа со сила и одлучност за да се соочи со новиот глобален „неред“, порача данската премиерка Мете Фредериксен на почетокот на дипломатската иницијатива на Минхенската безбедносна конференција.
Голем дел од вниманието на овој важен собир е насочен токму кон Данска и нејзината делегација, а значењето на присуството на Фредериксен беше потврдено и од германскиот политичар Фридрих Мерц, кој во својот говор експлицитно ја спомена Фредериксен и поддршката што ѝ ја дава Европа.
Премиерката пристигна во Минхен во придружба на министрите за надворешни работи и одбрана, а конференцијата претставува прва значајна можност за директни разговори со претставници на САД и други партнери по дипломатската криза предизвикана од спорот околу Гренланд.
Во рамки на дипломатските активности, најавен е и состанок меѓу Фредериксен и американскиот државен секретар Марко Рубио, а една од клучните теми ќе биде токму прашањето за Гренланд.
Свет
Фински политичар до малите држави: Приклучете се кон ЕУ, тоа ви носи заштита
Во рамки на дискусијата за глобалната трговија и иднината на државите во новиот светски поредок, финскиот политичар Александар Стуб даде јасен совет за обезбедување стабилност. Според него, најдобриот рецепт за помалите држави е членство во Европската унија, додека директорката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала, истакна дека и покрај критиките, постоечкиот систем покажува отпорност.
На прашањето како другите земји би требало да постапат за да си ја обезбедат иднината, Стуб полушеговито одговорил: „Приклучете се кон Европската унија – тоа ви носи заштита“, изјавил тој.
Како што посочил дека важноста на ваквите сојузи станала уште поочигледна по заканите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Стуб објасни дека царини не може да се воведат само за некои членки, бидејќи „тогаш царина од 25% би важела за целата Европска унија“. На малите и средни сили кои не се членки на ЕУ им препорача активно да се вклучат и да ги поддржат мултилатералните трговски организации, за да обезбедат одредено ниво на заштита.
Претходно, на иста тема се осврна и директорката на СТО, Нгози Окоњо-Ивеала, која изјави дека иако не се согласува со едностраните потези на САД, се согласува со многу од нивните критики кон трговскиот систем.
„Системот не се развиваше, не се менуваше брзо и не реагираше соодветно на светските промени. Некои од критиките дека не функционира добро се основани“, призна таа.
Сепак, таа нагласи дека:
„И покрај огромните пореметувања и најголемото поткопување на глобалните трговски правила во последните 80 години, системот покажува отпорност.“
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.

