Свет
Милион долари за нов автомобил на израелскиот премиер
Израелскиот премиер Венјамин Нетанјаху наскоро ќе се вози во најскапиот автомобил во Израел, блиндирана лимузина Ауди А8 вредна милион долари.
Израелскиот премиер Венјамин Нетанјаху наскоро ќе се вози во најскапиот автомобил во Израел, блиндирана лимузина Ауди А8 вредна милион долари.
Возилото ги има сите можни безбедносни елементи, нудејќи и луксуз на оние кои се возат во неа , јавија денеска израелските медиуми.
Блиндираната верзија на лимузината Ауди А8 се произведува исклучиво за претседатели и премиери, а имајќи во предвид дека чини речиси милион долари е еден од најскапите автомобили во светот. Ауди А8 во кое ќе се вози Нетанјаху опремен е со посебен и единствен сигурносен пакет, кој е осмислен во соработка со израелската тајна служба Шин Бет.
Иако сигурносните перформанси на овој автомобил се тајност, во астрономската цена се вклучени меѓу другото, гуми отпорни на куршуми, кров отпорен на куршуми и бомби и систем кој автоматски гаси пожар.
Поради сето тоа, автомобилот е тежок речиси три тона. Го има и еден од најсилните мотори на тој модел на Ауди. W12 верзија со 12 цилиндри, шест литарски мотор, 450 коњски сили и погон на сите четири тркала.
Но сигурносниот систем не е се што овој автомобил го нуди. Службениот автомобил на израелскиот премиер е многу луксузен – поседува меѓу другото посебни седишта со греење и масажа, внатрешноста е обложена во кожа, има голем ДВД екран, фрижидер и освежувач на воздухот.
Израелската влада порача уште два вакви автомобили.крај/хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лекот за третман на рак веќе почна да се користи во болниците во Русија
Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција.
Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости.
Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази.
Се вели дека неговото зрачење влијае на метастазите со намалување на болката кај пациентите, пренесува Танјуг.
Свет
(Видео) Најмалку 28 загинати откако кран се урна врз воз во Тајланд
Најмалку 28 лица загинаа, а 64 се повредени откако градежен кран се урна врз воз во движење во североисточен Тајланд. Во возот имало околу 195 патници во моментот на несреќата, која се случила околу 9 часот наутро по локално време во среда, јавува Би-би-си.
Кранот го исфрлил возот од шините и здробил неколку вагони, од кои еден се запалил. Спасувачите успеале да ги евакуираат патниците, а повредените биле однесени во регионалните болници. Меѓу 64-те повредени има едногодишно дете и 85-годишен маж, а осум се во сериозна состојба.
Владата нареди истрага за инцидентот, најновиот во низата смртоносни несреќи што се припишуваат на безбедносни пропусти. Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул повика „некој да биде казнет и да биде повикан на одговорност“ за несреќата.
„Несреќи како оваа можат да се случат само поради небрежност, прескокнати чекори, отстапувања во дизајнот или употреба на неисправни материјали“, рече Анутин.
Свет
Поранешен израелски командант: Режимот во Иран ќе падне, наскоро ќе видиме голем американски напад
Пензионираниот бригаден генерал на израелската армија и претседател на Израелскиот форум за одбрана и безбедност (ISDF), Амир Авиви, процени дека режимот во Иран ќе падне и дека САД наскоро ќе интервенираат, пишува денес израелскиот весник „Џерусалем пост“.
„Денес можам да кажам нешто што не можевме да го кажеме пред еден месец: овој режим паѓа. Нема да има ирански режим и ова целосно ќе ја промени иднината на Израел“, рече Авиви на конференцијата доцна синоќа.
Авиви додаде дека очекува голем американски напад врз Иран.
„И навистина, мислам дека во многу блиска иднина ќе видиме масовен американски напад, со помош на Израел и демонстрантите. Мислам дека овој режим нема шанси и ќе падне“, рече претседателот на ISDF, невладина организација која собира десетици илјади резервни офицери и оперативци од сите гранки на израелските безбедносни сили.

