Свет
Во Јемен уапсен осомничен за ипраќање на бомбашките пратки

Јеменски безбедносни сили ја опколија куќата во која, веројатно, во моменов име една жена, осомничена за испраќање на пратките со бомби пресретнати во Дубаи и Лондон, јавува катарската телевизија Ал Џезира
Како што кажал на прес-конференција во јеменската престолнина Сана, претседателот Али Абдула ал-Салех „Националните безбедносни сили ја блокирале куќата во која има жена којашто е осомничена за испраќање на овие пакети“.„Јемен е решен да продолжи со борбата против тероризмот и Ал Каеда во соработка со своите партнери. Но, ние не сакаме никој да се меша во справувањето со Ал Каеда“, изјавил претседателот ал-Салех на прес-конференцијата, која траела многу кратко и на која не била дадена можноста новинарите да поставуваат прашања.Во меѓувреме Reuters, повикувајќи се на извор во тајната јеменска служба објавува дека операцијата е веќе завршена со апсењето на осомниченото лице.„Национални безбедносни сили пред скоро време ја уапсија жената“, рекол официјален претставник на јеменските безбедносни служби, додавајќи дека властите ја следеле жената преку телефонскиот број со кој таа коминицирала со карго компанијата, пишува Reuters.Според изворот на агенцијата сатанува збор за млада жена за којашто не се откирваат другидетали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Разговорот беше интензивен, но многу корисен, ќе вклучиме и други земји

Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки, но корисни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјави за новинската агенција ТАСС член на руската делегација на разговорите. „Се разговараше за се – дијалогот беше интензивен и предизвикувачки, но многу корисен за нас и за Американците“, изјави рускиот сенатор Григориј Карасин, додавајќи дека се разговарало за многу проблеми.
Карасин, поранешен дипломат, рече дека разговорите ќе продолжат и ќе ги вклучат Обединетите нации и други неидентификувани земји. „Ние ќе продолжиме да го правиме тоа, вклучително и меѓународната заедница, првенствено Обединетите нации и одделни земји“, рече тој, без да прецизира за кои земји станува збор.
„Генерално, впечатокот беше за конструктивен дијалог, кој е итно потребен. За тоа се заинтересирани и Американците“, рече Карасин. Руски извор изјави за Ројтерс дека нацрт-заедничката изјава е испратена до Москва и Вашингтон на одобрување, а страните имаат намера да ја објават во вторник.
Регион
Предупредување за обилни врнежи и пораст на нивото на водата во Република Српска

Републичката управа за цивилна заштита на Република Српска издаде предупредување за пообилни врнежи и зголемување на нивото на водата.
Во предупредувањето се наведува дека од 24 до 29 март се очекува нестабилно време со чести, повремено обилни врнежи од дожд, како и од 60 до 150 милиметри дожд, јавува РТРС.
Поради очекуваните врнежи од четврток се очекува покачување на водостоите на сите реки, особено на реките во сливот Укрина, Усора, Босна и Врбања.
Свет
Јапонски осуденик на смрт, ослободен по 46 години, доби отштета од 1,4 милиони долари

Јапонскиот суд му досуди отштета од 1,4 милиони долари на Ивао Хакамада, кој помина 46 години во затвор чекајќи да биде погубен за злосторство што не го сторил, со што стана осуденик на смрт со најдолг стаж во светот, објави „Гардијан“.
Пресудата на Окружниот суд во Шизуока, издадена вчера, признава дека Хакамада бил жртва на полициска манипулација со докази и присилни испрашувања, при што бил принуден да го признае убиството на четири лица во 1966 година.
Иако подоцна го повлекол своето признание, тој поминал речиси половина век во затвор, живеејќи во постојан страв од егзекуција.
Јапонецот бил работник во фабрика и бил уапсен во 1966 година за наводно убиство на висок директор на компанијата, неговата сопруга и нивните две деца. Окружниот суд Шизуока го осудил на смрт во септември 1968 година. Хакамада кој бил поранешен професионален боксер поминал во затвор околу 47 години и седум месеци.
Тој бил ослободен во март 2014 година, откако новите докази фрлија сомнеж врз неговата пресуда, што довело до почеток на повторно судење.
Ослободувајќи го од обвинението во септември минатата година, Окружниот суд во Шизуока одлучи дека истражителите фабрикувале докази, а обвинителите одлучиле да не се жалат.