Свет
Дилма Русеф стана првата жена претседател на Бразил

Кандидатката на владејачката бразилска Работничка партија, Дилма Русеф победи во вториот круг на претседателските избори со што стана првата жена претседател во историјата на Бразил, соопшти државната изборна комисија
По преброените 95 отсто од гласовите, поранешната советничка и шеф на кабинетот на претседателот Луиз Инасио да Силва, во полза на 63-годишната Дилма Вана Русеф биле 55,6 отсто од гласовите на бразилските избирачи кои излегоа на изборите во неделата. Најзиниот против-кандидат од редовите на социјалдемократите (PSDB), поранешниот градоначалник на бразилската метропола Сао Паоло, 68-годишниот Хосе Сера освоил 44,4 отсто од гласовите. Во предизборието и двајцата кандидати го истакнуваа своето револуционерно минато како активисти во урбаната герила против бразилската воена диктатура во периодот од 1964. до 1985 г.. Русеф која и минал извесен период во герилски камп за обука, за таа активност била осудена на тригодишен затвор каде била мачена. Заради нејзината нескршлива волја, го преброди и канцерот на дојката, беше наречена „бразилската челична леди“. Сера, пак, кој бил отворен противник и критичар на тогашниот режим, морал да мине повеќе години во егзил. Русев во првиот круг од изборите на 3-ти октомври освои 47 отсто од гласовите, а Сера 33 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Во Црно Море потона руски товарен брод, најмалку двајца загинати

Најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа, oткако руски товарен брод со 13-член екипаж потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.
„Пет лица се спасени од рускиот товарен брод“, изјави гувернерот на Бартин, Синан Гунер, цитиран од агенцијата Анадолија.
Гувернерот Гунер соопшти дека загинале најмалку две лица од бродот.
„На бродот имаше 13 лица, сите руски државјани. Досега знаеме дека пет лица се спасени и пронајдовме две тела на починати морнари“, изјави гувернерот.
Причината за несреќата засега е непозната.
Регион
Грција доби брзи тестови кои се изведуваат преку примерок од плунка

Грција веќе нуди нова можност за дијагностицирање на Ковид-19 преку брз тест со примерок од плунка.
Покрај тоа што се брзи, овие тестови се поевтини и полесни за изведување, јавуваат медиумите во Грција.
Овие тестови даваат непосредни резултати и може да бидат решение за намалување на ширењето на Ковид-19, преку можноста за рано дијагностицирање.
Тестот за брзо откривање со плунка дава резултати во рок од 15 минути и е погоден за деца.
Свет
Две судијки убиени во Авганистан

Неидентификуван напаѓач уби две судијки во авганистанскиот главен град Кабул.
Судиите работеле во Врховниот суд, изјави портпаролот на судот, Ахмад Фахим Кавем за ДПА.
Во меѓувреме, авганистанското Министерство за внатрешни работи потврди дека две жени биле убиени и уште една ранета, но жртвите не се именувани.
Судијките биле на пат кон своите канцеларии кога биле нападнати во полицискиот кварт на градот.
Ниту една група сè уште не презеде одговорност за нападот.
Безбедносната состојба останува еден од главните предизвици во правосудството, за да се обезбеди целосна имплементација на законот во земјата.
Во 2019 година, во извештајот на Мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан беше наведено дека биле убиени 13 судии и 19 обвинители.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира