Свет
Бројката жртви во бомбашките напади во Багдад се искачи на 62 лица
Во серијата експлозии во ирачкиот главен град во вторник загинаа најмалку 62 лица, јавува Associated Press повикувајќи се припадниците на полицијата и медицински лица
Како што пренесува агенцијата, нејзините соговорници навеле дека во експлозиите биле повредени повеќе од стотина лица.Полициските извори соопштиле дека експлозивните направи биле поставени крај патот и во автомобили кои експлодирле на осум различни локации во Багдат во вторник попладне.Reuters, пак, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека Багдат попладнево го потресле вкупно десет експлозии.Според багдатската полиција, очигледна била намерата на терористите да убијат што е можно повеќе луѓе, бидејќи нападите биле изведени на места коишто најчесто се преполни со народ, а една бомба експлодирала во близината на еден многу посетен локал.Исто така, се посочува дека нападите биле главно насочени во квартови во кои е доминантно шиитското население. Наводно врз некои од овие населби било стрелано и од ракетни фрлачи.Бранот насилства во Багдат повторно се засилува, откако во неделата милитантите држеа во заложништво верници во католичката црква во ирачката престолнина, при чие осолободување загинаа повеќе од 50 а ранети беа над 70 лица.Според AFP најмалку 36 лица загинале, а дури 320 се ранети денеска во 11 координирани експлозии на автомобили-бомби во шиитските квартови на ирачката престолнина БагдадСпоред ирачкиот министер за здравство Салех Мехди ал Хаснауи, 36 лица загинале, а 320 се ранети, од кои 80% по укажаната помош се пуштени од болница.Телевизиската мрежа CNN јавува дека во нападите загинале 50 лица, а биле употребени 14 автомобили-бомби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

