Свет
WikiLeaks ќе објавува нови доверливи документи
Основачот на интеренет страницата специјализирана за објавување доверливи документи WikiLeaks, Џулиан Ејсенџ во четврток објави во Женева дека идните месеци ќе објави нови чувствителни документи за „неколку држави меѓу кои се и САД“, пренесува AFP
Откако на својата интернетска страница објави околу 400 илјади документи за војната во Ирак, што е најголемото откривање на доверливи воени материјали во историјата, Џулиан Ејсанџ изјавил дека е време САД да се отворат наместо да ги сокриваат тајните. „САД е во опасност да ја предаде својата традиција“, изјавил Ејсанџ алудирајќи на секогаш гордото истакнување од страна на американските политичари за слободата на говорот објаснувајќи дека „законот нема никаква смисла ако самата влада не го почитува“ .WikiLeaks неодамна објави 400 илјади извештаи за инциденти сторени меѓу 2004 и 2009 г., кои откриваат дека американската војска не се обидела да спречи мачења што како редовна практика ги спроведувала ирачката војска врз затворените осомничен, рекол Ејсанџ на прес-конференција во Женева. Додека другите држави како Велика Британија и Данска почнаа да спроведуваат сопствени истраги за извештаите за тортутрата врз затворениците, САД се уште тоа не го сторија, додал Ејсанџ кој на покана од невладина организација учествува на состанокот на Советот за човекови права на Обединетите нации кој ја разгледува состојбата во САД. Есанџ патува со придружба од телохранители и тврди дека тој и неговите соработници се под притисок и сериозни закани од Пентагон.За разлика од првата објава кога WikiLeaks пред јавноста достави 77 илјади страници документи за Авганистан, американската армија овојпат беше однапред предупредена дека во документите ќе се појават и лични имиња. Објавата на овие документи во јули ја разбесни американската армија која WikiLeaks ја нарече „неодговорна“. Сепак, во едно писмо на Пентагон до кое дојде тогаш агенцијата Associated Press, се вели дека ниту еден американски разузнавачки извор или практика не биле компромитирани со објавувањето на извештаите од Авганистан.Иако американската армија се уште смета дека овие истекувања на тајни документи можат да предизвикаат значителни штети, најлошите страхувања на администрацијата во Вашингтон по објавувањето на документите за Авганистан не се остварија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

