Свет
Буш призна дека ја одобрил симулацијата за давење на затвореници
Поранешниот американски претседател Џорџ Буш во своите мемоари признал дека лично ја одобрил техниката на мачење со симулација на давење при испрашувањата на осомничените за тероризам врз САД, објави Washington post
Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во своите мемоари „Decision points“ нагласува дека лично ја одобрил примената на таа техника која ја осудија голем број на меѓународни правни експерти, за време на испрашувањето на осомничениот за организирање на нападот на САД на 11-ти септември 2001 г., Халид Шеик Мухамед. Поранешниот претседател на САД во книгата која би требало да излезе во продажба идниот вторник, како што пишува „Washington post“, напишал дека повторно би го сторил истото ако тоа допринесува да се спречат терористичките напади и да се спасат животи. CIA ја применувала оваа техника за мачење во 2003 г. врз Мухамед и во 2002 г. врз други двајца затвореници. Техниката на симулација на давење подразбира интензивно полевање со вода на лицето додека испрашуваниот е врзан за даска, со што добива впечаток дека ќе се удави доколку не ги каже бараните информации. Сегашниот американски претседател Барак Обама оваа техника ја прогласи за „акт на мачење“ кое не го дозволува меѓународното право но се уште ништо не е сторено за да се казни администрацијата на Буш која ја одобрила оваа техника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

