Свет
ЕУ планира да воведе црна листа на небезбедни аеродроми
Европската унија(ЕУ) планира да ја зајакне контролата на товарот што се превезува со авион, што би вклучувало ставање на црна листа на аеродроми од земјите надвор од ЕУ за кои ќе се процени дека немаат добри безбедносни мерки.
Министрите за внатрешни работи на Европската унија(ЕУ) денеска го разгледуваа предложениот план во пет точки, што го поднесе германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мајцире, пренесува Асошиејтед прес.
Властите на Велика Британија и на Обединетите Арапски Емирати минатиот месец открија два пакета-бомби на своја територија, кои биле упатени од Јемен до две синагоги во Чикаго.
Одговорноста за нивното испраќање го презема Ал Каеда од Арабискиот полуостров.
Минатата недела повеќе мали писмо-бомби беа испратени до повеќе амбасади и странски лидери, но и овој обид за напад беше спречен.
Неколку земји, меѓу кои САД, Германија, Британија и Франција, привремено ги забранија сите пратки од Јемен.
Ако помине предлогот на Де Мајцире, тоа ќе биде првпат ЕУ да усвои таканаречена „црна листа на странски аеродроми“.
ЕУ има листа на небезбедни авиокомпании од 2006. година. На неа има 278 авиокомпании од 17 земји, воглавно мали превозници од Африка и Азија. /крај/ап/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го пречека Трамп во Белата куќа: „Добредојдовте дома“
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој денеска ќе ја преземе функцијата, пристигна во Белата куќа со сопругата Меланија, каде ги пречека шефот на државата во заминување Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил.
Пред традиционалната средба зад затворени врати, на чај и кафе, Џозеф и Џил Бајден ги пречекаа идниот претседател и првата дама на САД на црвен тепих украсен со злато, разменија поздрави и се фотографираа.
„Добредојдовте дома“, му рече Бајден на Трамп откако неговиот наследник во Белата куќа излезе од автомобилот.
Приватната средба меѓу претседателот во заминување и избраниот претседател е традиција во процесот на транзиција во САД, но таа не беше забележана пред четири години, кога Трамп одби да ја признае победата на Бајден на изборите во 2020 година и да присуствува на неговата инаугурација.
По средбата, Бајден и Трамп со своите сопруги ќе се упатат кон Конгресот на САД, каде церемонијата на инаугурација ќе започне во 12 часот по локално време (18 часот по средноевропско време).
Пред да пристигне во Белата куќа, Трамп присуствуваше на богослужба во епископска црква.
Пред пристигнувањето на Доналд и Меланија Трамп во Белата куќа, потпретседателката на САД во заминување Камала Харис го пречека новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс.
Ова досега не беше обичај, бидејќи само новоизбраниот претседател обично ја посетува Белата куќа на денот на инаугурацијата.
Харис и Венс, кои денеска исто така беа придружувани од нивните сопружници, досега не одржаа формална средба, бидејќи потпретседателот во заминување не го покани наследникот да ја посети официјалната резиденција.
Свет
Инаугурација на Доналд Трамп: Новиот американски претседател пристигнува во Капитол, наскоро ќе положи заклетва
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презема функцијата по втор пат, осум години по првиот пат. Трамп на денешната инаугурација официјално ќе положи заклетва и ќе стане 47-ми претседател на САД.
Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да започне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време).
Инаку, Трамп од моментот кога победи, најавува поинаква Америка. Тој има око на Гренланд, Панамскиот канал, тврди дека тој е одговорен за прекинот на огнот во Газа и дека за еден ден ќе стави крај на војната во Украина.
На инаугурацијата, покрај Џо Бајден, присутни ќе бидат и сите поранешни живи претседатели на САД – Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон, додека од поранешните први дами нема да присуствува само Мишел Обама. Како почесни гости, Трамп покани неколку технолошки милијардери, кои ќе седнат на сцената заедно со други познати личности и идни министри.
Свет
Земјотрес од шест степени според Рихтер го погоди Тајван
Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 20 јануари 2025 година во 17 часот и 17 минути во Тајван.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 23.223 и географска должина 120.5796.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата.
#earthquake reported by the users of the app Earthquake Network at 31km from #永光里, Taiwan. 11 reports in a radius of 194km. Download the app from https://t.co/hNdHhYeXVG to receive real time alerts pic.twitter.com/FSJ9gn1lxE
— Earthquake Network (@SismoDetector) January 20, 2025
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.