Свет
Саркози се поклони пред гробот на Шарл де Гол
Францускиот претседател Николас Саркози му оддаде почит на починатиот претседател на Петтата република, Шарл де Гол по повод 40-годишнината од смртта на својот голем претходник, генералот – херој во војната против нацистичка Германија.
На церемонијата во селото Коломбо ле Де-ж-Егриз, каде што е погребан Де Гол, Саркози прочита говор во чест на “Спасителот” на Франција.
Саркози му оддаде почит на Де Гол во присуство на партијата Сојуз за народно движење, повикувајќи се на богатото идејно наследство на основачот и прв претседател на Петтата република (1959-1969).
„Кога велеше дека политиката на Франција не се прави на берзата … тој на свој начин повикуваше кон регулирање на пазарните закони. Никој државник не се разбира така добро како што се разбираше тој … за да се отвориш кон другите, прво треба да си сигурен во своите вредности “, истакна Николас Саркози во чест на Де Гол./крај/афп/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

