Свет
Француски фудбалери донираат два милиони евра во добротворни цели
Француските фудбалски репрезентативци одлучија да ги донираат парите кои ќе ги добијат како бонус од спонзорските договори во хуманитарни цели, како би го поправиле имиџот од настапот на овогодишниот Мундијал во Јужна Африка.
„Сакаме да направиме добро дело“, изјави капитенот на француската репрезентација Алу Диара.
Француските репрезентативци би требало да добијат околу два милиони евра во бонуси од спонзорите, без оглед на тоа како ќе се покажат на тревникот./крај/афп/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos
Свет
САД: Три наши борбени авиони беа случајно соборени од Кувајт
Централната команда на САД објави дека три американски борбени авиони биле соборени „поради очигледен инцидент со пријателски оган“.
Кувајтската воздушна одбрана погрешно собори борбени авиони F-15E Strike Eagle доцна во понеделник навечер по источно време.
„За време на активните борбени операции, кои вклучуваа напади од ирански авиони, балистички ракети и беспилотни летала, борбените авиони на американските воздухопловни сили беа погрешно соборени од кувајтската воздушна одбрана“, се вели во соопштението.
„Сите шест члена на екипажот успешно се катапултираа, беа пронајдени безбедни и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент и ние сме благодарни на кувајтските одбранбени сили за нивните напори и поддршка во оваа операција.“
Причината за инцидентот е под истрага, според CENTCOM. Авионите учествувале во воена операција против Иран наречена Операција Епски бес.
Министерот за одбрана на Кувајт претходно во понеделник наутро изјави дека се урнале „неколку“ американски борбени авиони.
фото/Depositphotos

