Свет
Во нов напад врз христијаните во Ирак најмалку тројца убиени
Тројца се убиен а триесетина ирачки христијани се ранети при напад со минофрлачи врз куќи на христијани во повеќе делови на Багдад, десетина дена откако во Католичката црква загинаа 46 верници, соопштија ирачките безбедносни сили
Као што јавува дописникот на Reuters од ирачката престолнина, нападите го обновија стравувањето кај христијанското малцинство дека сунитските исламистички бунтовници се обидуваат да ги протераат од нивната татковина и да предизвикаат дестабилизација провоцирајќи секташка војна, додека политичките лидери во Ирак се уште не можат да најдат заеднички јазик за формирање на новата влада, иако парламентарните избори завршија во март годинава.Напаѓачи активирале бомби и стрелале со минофрлачки гранати во повеќе од десетина напади врз христијански цели во ирачкиот главен град во вторникот доцна навечер и рано наутро во средата, јавија безбедносните извори.Ирачки полициски извор соопштиле за тројца мртви и 37 повредени, додека извор од мнистерството за внатрешни работи соопштил дека загинале четири лица а 33 биле ранети. Двата извора побарале да останат анонимни.„Што да правиме? Тие ги гонат христијаните во секоја населба во Багдад. Не можеме да сториме нешто да ги спречиме, туку ни преостанува да се молиме на Бога дека ќе престанат овие злосторства“, изјвил Емануел III Дели, Калдискиот патријарх на Багдад за Reuters во телефонско итнервју.Меѓурелигиозните и меѓусекташките тензии се на високо ниво во претежно муслиманскиот Ирак, бидејќи на изборите во март кои завршија без јасен победник, што создаде простор за калкулации на шиитските, сунитските и курдските фракции за позиции во новата влада, но од друга страна ги зголеми страхувањата од обновување на насилствата.Бунтовниците поврзани со Ал каеда ја презедоа одговорноста за серијата неодамнешни напади кои се појавија за да го вратат меѓусекташкото крвопролевање што го опустоши Ирак во 2003 г. по американската инвазија а кои почнаа да се намалува пред три години.Педесет идва заложника и полицајци беа убиени на 31-ви октомври во напад на соборната црква „Пресвета Богородица на Спасението“ во централниот дел на Багдад, по што ирачката влада вети дека ќе ја засили безбедноста на христијаните.Тој напад следеше два дена откако одекнаа серија експлозии во главно шиитските области во гавлиот град на Ирак во кои загинаа најмалку 63 луѓе.Нападите биле изведени во јужниот дел на областа Доура, во Сара Кемп во источниот дел на градот, Адамија на север, Мансур во западниот дел, Карада во центарот на Багдад и во другите области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

