Свет
Активист во скандалот со кинеското млеко во прав осуден на затвор
Кинезот кој ја организираше групата за поддршка за родители чии деца се разболеа во најголемата кинеската афера со небезбедна храна со отровно млеко во прав, е прогласен за виновен за предизвикување на општествени немири и осуден на 2,5 години затвор, јавува Асошиејтед пресЖао Лианхаи се бореше за поголема одговорност на функционерите и за компензација за жртвите и нивните семејства од скандалот од 20008 година, кој што ја шокираше Кина. „Очекувавме казната да биде многу помала, вака е претерано сурова. Злосторствата за кои е обвинет не се ништо повеќе од она што обичните граѓани би го сториле за да си ги одбранат своите права“, изјави адвокатот на Жао, Ли Фангпинг. Кинеските власти по скандалот се обврзаа дека ќе се справат со ваквите појави, во обид да ја вратат довербата на потрошувачите. Жао, кој е жител на Пекинг и чиј син беше една од жртвите на млекото „збогатено“ со отровната хемикалија меланин, изјави дека ќе ја обжали пресудата и започна штрајк со глад. Шест деца умреа, а преку 300.000 се разболеа од млекото во прав за бебиња во која имало додадено меланин за да се излаже контролата за количината на протеини во млеко и да се зголеми заработката. Меланинот е многу отровна супстанца која се користи за изработка на пластика и арско ѓубриво и предизвикува камен во бубрезите, како и нивно целосно откажување. Осудата на Жао е дел од се посилната нетолеранција кон критики на кинеската влада. Досега исчезнале повеќе активисти кои покренале чувствителни случаи за екологијата, СИДА-та и други општествени девијации. Најпознат случај е затворската казна од 11 години за годинешниот нобеловец за мир, Лиу Ксиаобо./крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

