Свет
„Комерсант“:Руските шпиони во САД биле предадени од Русин

Руско-американскиот шпионски скандал, што се случи летово, бил последица на предавство, пренесува денеска московскиот весник „Комерсант“.
Според весникот, истрагата може да резултира со смени во руската Надворешна разузнавачка служба (СВР).
Американските служби летоска открија група руски шпиони кои подоцна беа заменети за четворица Руси обвинети за шпионажа во полза на САД и Велика Британија.
Весникот, повикувајќи се на извори во СВР, како и во другите руски државни структури, пишува дека предавникот бил „полковникот Шербаков“, кој долго време работел во таа служба како началник на американското одделение.
„Комерсант“ наведува дека од СВР направиле превид дека ќерката на Шербаков одамна живее во САД.
„Тоа е само едно од прашањата што ја интересира истрагата“, изјави неименуван извор од СВР.
Весникот додава дека во СВР не се посомневале ниту кога Шербаков одбил унапредување, бидејќи во тој случај требало да помине низ детекторот за лаги.
Никој не обрнал внимание ниту на тоа што синот на Шербаков, кој бил вработен во државната агенција за борба против наркотиците, итно ја напуштил Русија и одлетал за САД само малку пред избувнувањето на шпионската афера.
Самиот предавник одлетал во САД само три дена пред јунската посета на претседателот Дмитриј Медведев на САД.
„После тоа Американците, стравувајќи дека ќе се посомневаме во предавството и ќе почнеме да ги повлекуваме шпионите од САД, почнаа да ги апсат. Тоа ја доведе Белата куќа во крајно незгодна положба и ги направи нервозни, бидејќи никој не сакаше да ја комплицира првата посета на Медведев на САД“, соопштува истиот извор.
„Комерсант“ пишува дека во руските тајни служби тврдат дека Шербаков лично придонел да се открие најважниот од десетиците руски агенти – 65. годишниот Михаил Васенков, познат како Хуан Лазаро.
Според весникот, Васенков уште во 1960. година бил испратен во Шпанија, а потоа во Чиле, каде што како фотограф започнал да се занимава со шпионажа, а во 70-сетите години на минатиот век се оженил со Перуанка.
Наскоро, со дозвола на Москва, се преселиле во САД, а неговата жена не знаела ништо за вистинскиот идентитет на својот маж.
„За време на работењето, Васенков толку се натурализирал што практично го заборавил рускиот јазик. Тој е професионалец од највисока класа, за кого Америка никогаш не би дознала да не беше предавството“, тврди изворот од СВР
„Комерсант“ пишува дека неговата биографија била толку чиста да американските служби не можеле да докажат вина и дека можеби ќе беше ослободен, доколку Шербаков лично не им го предал досието донесено од Москва.
Весникот укажува дека шпионскиот скандал речиси и не се одрази на односите меѓу Москва и Вашингтон, бидејќи обете страни биле заинтересирани максимално да се намали негативниот ефект на оваа приказна.
Понатаму во текстот се додава дека во СВР биле толку лути, поради што сакаат да минираат секаква работа со Американците, па дури и за толку важна тема како што е противракетната одбрана.
„Комерсант“ наведува дека со деталната истрага на неуспехот на СВР сега се занимаваат редица руски служби, вклучително и Федералната служба за безбедност.
Весникот, повикувајќи се на свои извори, тврди дека поради овој инцидент повторно се размислува за реформа на СВР, како и за смена на првиот човек на оваа служба Михаил Фрадков. /крај/ком/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус, 20 починати

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.443 лица, од кои 1.839 биле позитивни на коронавирус, а 20 лица починале.
На апарати за дишење се приклучени 164 пациенти.
Во Србија се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Само денес вакцинирани се 41.305 лица, а од почетокот на вакцинацијата 361.830 лица.
Србија е на трето место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, изјави српската влада за „Танјуг“.
Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.
Европа
Евакуирана фабрика која произведува вакцини за „Астра Зенека“, се сомневаат на бомба

Полициските единици за отстранување бомби се испратени во фабрика во Велс, која произведува вакцини против коронавирус за „Астра Зенека“, пренесуваат светските медиуми.
Според британските медиуми, во фабриката пристигнал сомнителен пакет.
„Примен е сомнителен пакет, по што ги известивме надлежните органи. По нивен совет, дел од објектот беше евакуиран. Истрагата е во тек“, изјавија од фабриката.
Засега нема информации за можни жртви.
Road closed off and factory sealed off. pic.twitter.com/3hSnnUgS0s
— ian hunter (@ian_hunter9) January 27, 2021
Џон Роберт, сопственик на компанија лоцирана во близина на фабриката, тврди дека слушнал силен тресок околу 11:35 часот по локално време.
„Тројцата разговаравме кога слушнавме силна експлозија или тресок. Излегов надвор, не можев да видам ништо. Погледнав на друга страна и видов двајца мажи на покривот. По тоа, полицијата дојде и ги блокираше патиштата и ги претресе грмушките“, вели Роберт.
Неговиот син Марк рече дека полицијата ги затворила патиштата и дека слушнале дека таму има тим за отстранување бомби.
„Тие се тука околу еден час или нешто повеќе“, рече Марк.
Major Incident at Wockhardt, Wxm Ind Est, road closed @wrexham pic.twitter.com/cRfDYFX4wV
— Pauline Salisbury (@PaulSalisbury15) January 27, 2021
Би-би-си наведува дека полицијата поставила кордон во близина на фабриката и патиштата биле затворени, а органите за спроведување на законот апелирале до граѓаните да ја избегнуваат таа локација.
Европа
Германски гувернер ја навреди Меркел, па се извини поради изјавата

Гувернерот на германската сојузна држава Тирингија, Бодо Рамелов, се извини затоа што германската канцеларка ја нарекол „малата Меркел“ за време на неодамнешниот видеоразговор и ненамерно покажал „мачо“ однесување.
Во денешниот број, дневниот весник „Ди цајт“ наведува дека Рамелов рекол дека деминутивот требало да го користи за политичари.
„Наместо тоа, јас зборував за жена. Тоа беше глупаво и звучеше навредливо“, рече Рамелов и истакна дека тој лично и се извинил на канцеларката, пренесува АП.
Покрај тоа, локалните медиуми посочија дека Рамелов за време на состанокот играл игра „кенди краш“ на телефон.
„Многу луѓе играат шах или судоку, јас играм ’кенди краш’“, рече тој.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот