Свет
Во ерупцијата на вулканот Мерапи над 240 загинати
Бројката загинати во ерупциите на индонезискиот вулкан Мерапи која почна на 26-ти октомври досега загинаа 240 лица, соопшти претставник на безбедносните служби, пренесе AFP
„Според најновите податоци во ерупцијата на Мерапи загинале 240 лица. Речиси 390 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови и да се сместат во привремени прифатилишта“, изјавил неименуваниот индонезиски функционер.Претходните податоци говореа за 204 загинати и 380 илјади евакуирани. Власите забранија враќање на населението во нивните населби бидејќи вулканот се’ уште е активен и непредвидлив.„Не можеме да ги предвидиме следните ерупции, затоа населението мора да остане во засолништата до новите прецизни процени на ситуацијата’, изјавил вулканологот Субандрино од државниот институт за вулканологија.Во саботата спасувачките служби откриле две нови тела на подрачјето околу вулканот во близина на градот Јогјиарта на централниот индонезиски остров ЈаваВо петокот навечер вулканот Мерапи цел час повторно исфрлал нови облаци од пепел кои достигнале далечина и од десет километри од кратерот. Вулканот Мерапи се наоѓа на 26 километри од градот Јогјиарта и е најактивниот од 69-те активни вулкани на Индонезија.Во последната ерупција на вулканот Мерапи кој е на височина од 2.914 метри од 2006 г. загинаа две лица. Таа се случи два дена пред земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер кој го погоди градот Јогјиарта и околината, при што настрадаа околу 5.800 лица. Најстрашната ерупција на овој вулкан се случила во 1930 г., кога животите ги изгубиле 1.300 луѓе.Ерупцијата на Мерапи се совпадна со цунамито кое ги погоди оддалечените острови на земјата предизвикано од земјотресот со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер во кое загинаа најмалку 450 луѓе.Индонезија се наоѓа во ткн. Огнен прстен во Тихиот Океан, подрачје во кое на спојувањето на континенталните плочи се случува силна сеизмичка активност. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени на 30-ти септември минатата година го погоди индонезискиот остров Суматра, во кој загинаа повеќе од илјада лица. Во декември 2004 г., северо-западниот брег на индонезискиот остров Суматра беше погоден од еден од најсилните земјотреси во светот изминатите 40 години, при што беше предизвикано разорно цунами од кое настрадаа стотици илјади луѓе во 12 земји во Индискиот Океан. Серија земјотреси ја тресеа Папуа и во средината на јуни кога загинаа три лица, а Индонезија на 12-ти февруари годинава беше погодена од силен земјотрес во кој 60 лица беа повредени а илјадници и луѓе останаа без домови.На 26-ти август 1883 г. е забележана ерупцијата на познатиот вулкан Кракатау, кој се наоѓа во Зондскиот теснец меѓу Јава и Суматра. Тогаш почнала првата ерупција која траела до утрото на 27-ми август. Од потресите на околните острови биле уништени многу домови. На 27-ми август, околу 10 часот утрото се случила огромна експлозија, а еден час подоцна и втората вулканска експлозија со иста голема сила. Се проценува дека повеќе од 18 кубни километри камени фрагменти и пепел биле исфрлени во атмосферата.Цунами брановите предизвикани од експлозиите, ги опустошиле градовите, селата и шумите на бреговите на Јава и Суматра. Многу острови исчезнале под водата заедно со населението. Цунамито од оваа легендарна ерупција на Кракатау било толку моќно што било почуствувано на целата планета. Тогаш на Јава и на Суматра исчезнале вкупно 295 градови и села, при што загинале повеќе од 36 илјади луѓе, а стотици илјадници луѓе останале без домови. Катаклизмата го изменила брегот на Суматра и Јава до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Студент на факултет во Русија уби обезбедувач и рани тројца
Едно лице е убиено, а три се повредени во пукање во технички колеџ во рускиот град Анапа, во Краснодарскиот крај, соопштија властите.
Гувернерот на Краснодарскиот крај, Венијамин Кондратјев, на Телеграм наведе дека обезбедувачот бил убиен додека се обидувал да го запре напаѓачот.
„Засега имаме една жртва, обезбедувачот кој прв го примил ударот. Реагирал брзо и ја повикал полицијата. Го спречил напаѓачот да продре понатаму во техничкиот колеџ“, изјави Кондратјев.
Регионалната канцеларија на руското Министерство за внатрешни работи за Краснодарскиот крај соопшти дека студент отворил оган во холот на образовната установа, при што три лица се повредени.
Напаѓачот бил уапсен од полицијата, се додава во соопштението.
Околностите на нападот засега не се познати, а истрагата е во тек.
Свет
„Човек никогаш не мисли дека вакво нешто може да се случи“ – шок во малата канадска заедница по масовното пукање во училиштето
Алармот во средното училиште „Тамблер Риџ“ се огласил кратко откако Дариан Квист пристигнал на настава. Кога станало јасно дека не станува збор за вежба, матурантот и неговите соученици брзо реагирале.
„Ги зедовме масите и ги забарикадиравме вратите“, изјавил тој за „Си-би-си Радио Вест“, пишува „Си-ен-ен“.
Квист опишал дека тој и останатите ученици поминале околу два часа забарикадирани во училницата. Атмосферата станала уште понапрегната кога некои почнале да споделуваат „вознемирувачки“ фотографии кои, според неговите зборови, прикажувале „што навистина се случува“ во останатиот дел од училиштето, вклучувајќи сцени со крв. Ситуацијата се смирила дури по пристигнувањето на полицијата, која на крајот безбедно ги извела учениците од зградата.
Во меѓувреме, на паркингот пред училиштето чекала мајката на Дариан, Шели Квист. За инцидентот дознала од колега од блиска лабораторија кој ја прашал „дали знае што се случува во средното училиште“. Како што пристигнувале сè повеќе информации, станувала посвесна за сериозноста на ситуацијата.
„Човек никогаш не мисли дека вакво нешто може да се случи“, изјавила таа. Признала дека ја фатила паника која не попуштила сè додека не го видела својот син безбеден, меѓу учениците што биле изведувани од зградата.
Шок во малата канадска заедница по масовното пукање
Во пукањето што го потресе Тамблер Риџ во Британска Колумбија, животот го загубиле девет лица, а 25 биле повредени. Последиците од нападот во оваа мала, рурална заедница во западната канадска провинција длабоко ги погодиле нејзините тесно поврзани жители.
Шест лица биле убиени во средното училиште „Тамблер Риџ“.
„Тешко е со зборови да се опише стравот и ужасот што го чувствувате знаејќи дека сакана личност е во опасност“, изјавил Крис Норбери, локален советник чија сопруга работи во училиштето. Тој истакнал дека Тамблер Риџ досега бил исклучително безбедно место.
„Ние тука не ги заклучуваме вратите. Ова е неверојатно безбедна заедница“, рекол тој.
Градоначалникот Дарил Краковка, кој жителите на градот ги смета за свое „семејство“, изјавил дека лично ја познава секоја жртва.
„Тука сум 19 години, ние сме мала заедница“, изјавил тој.
Локалниот новинар Трент Ернст, кој известувал од терен по нападот, го сумирал општиот шок.
„Секогаш постои чувство дека ваквите работи се случуваат некаде на друго место, не тука. Сега тоа е разбиено“, рекол тој.
Родителите чекаат информации за своите деца
Родителите на децата кои го посетуваат училиштето во кое се случил масакрот се собрале во локална сала каде што чекаат вести, пишува „Би-би-си“.
„Родителите се одведени во месната сала каде што чекаат вести дали ова ги погодило нивните деца. Во толку тесно поврзана заедница, ова е многу тешко за луѓето што живеат таму“, пишува „Би-би-си“.
Свет
Пукање во училиште во Тајланд: Директорот ранет, ученици заробени во зградата
Во напад што се случил во училиштето „Патонг Пратан Кири Вит“ во тајландската провинција Сонгкла, во близина на границата со Малезија, напаѓач повредил повеќе наставници и ученици. Вооружена полиција пристигнала на местото на настанот кратко по завршувањето на наставата, додека стотици ученици бегале од училишниот двор кон околните улици, пишува „Сан“.
Според првичните информации, неколку наставници и ученици останале заробени во училишната зграда. Полицијата од округот Хат Јаи потврдила дека се обидува да воспостави контакт и да преговара со напаѓачот. Обезбедувач кој успеал да избега од напаѓачот изјавил за медиумите дека напаѓачот пукал и го ранил директорот на училиштето.
„Успеав да избегам. Директорот е застрелан. Во училиштето има уште деца кои ги држи како заложници“, изјавил тој.
Полицијата верува дека напаѓачот има 18 години. Пред самиот напад, полициската станица во округот Тунг Лунг примила пријави дека младиот човек се однесувал непредвидливо и се заканувал дека ќе ја повреди сопствената мајка во семејната куќа, која се наоѓа во близина на училиштето.
Силни полициски сили и единици за специјални операции го опколиле училиштето за да ја стават ситуацијата под контрола. Граѓаните биле предупредени, за сопствена безбедност, да го избегнуваат тоа подрачје. Во тек е евакуација на лицата кои се засолниле на безбедни места во рамките на училишниот комплекс.
Фондацијата „Мае Таптим Јала“ на својата Фејсбук-страница објавила дека еден наставник бил застрелан и итно пренесен во болница. Фотографии од местото на настанот покажуваат голем број возила на итната помош и полицијата, додека собрани сведоци го следат развојот на ситуацијата.

