Свет
По 15 години ослободена лидерката на опозицијата на Мианмар

Опозицската лидерка Аунг Сан Суу Кји е ослободена во саботата по 15 години минати во домашен притвор, за AFP потврдил неименуван функционер од власта на Минамар
Како што пренесува Agence France Presse, државни службеници во 10.30 часот по средноевропско време дошле во домот на Аунг Сан Суу Кји и го прочитале налогот на воената хунта за нејзино пуштање на слобода. Според агенцијата околу куќата на Аунг Сан која стана симбол на борбата за демократија во Мианмар и е добитничка на Нобеловата награда за мир, во саботата се собрале околу две илјади нејзини приврзаници. Аунг Сан во домашен притвор мина вкупно 15 години со куси прекини, од 1989 г.Како што пренесува CNN, нејзиниот адвокат изјавил дека одлуката за нејзиното ослободување од казната била потпишана во петокот навечер и се очекува нејзино обраќање за јавноста.Според BBC, нејзиниот адвокат Нијан Вин рекол дека таа го прифатила ослободувањето само со условот дека смее да се занимава со политичка активност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Подгорица: татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.
Полицијата се сомнева дека тој петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.
По тоа, таа му е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.
Свет
„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа фармацевтска компанија. Како што пренесува Би-би-си, раните лабораториски тестови сугерираат дека антителата произведени како резултат на вакцината препознаваат и се борат против новите соеви на вирусот.
Но, потребни се повеќе студии за да се докаже дека ова е вистина, особено за луѓето што веќе биле вакцинирани. Новите соеви на коронавирусот се шират побргу во голем број земји и мутираат, што значи дека може полесно да ги заразат луѓето отколку оригиналната верзија на коронавирусот. Експертите проценуваат дека сојот на вирусот во Велика Британија, кој се појавил во септември, е можеби и до 70 проценти позаразен.
Регион
Ѓукановиќ го потпиша законот за слобода на вероисповед

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го потпиша указот за прогласување на законот за слобода на вероисповед и други закони, кои минатата недела беа повторно усвоени од црногорскиот парламент.
„Ги потпишав указите за прогласување закони откако парламентот повторно ги изгласа на 20 јануари 2021 година. Дилемите што ги имав и поради кои ги вратив во Собранието за нова одлука остануваат“, објави Ѓукановиќ на „Твитер“. Тој додаде дека како претседател, според Уставот, е должен да го прогласи повторно изгласаниот закон и дека нема простор за поинакво уставно постапување.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот