Свет
Со автомобил влетал во група моторџии, петмина загинати

Пет лица загинале а пет се тешко повредени кога автомобил налетал во група од 12 моторциклисти на автопат во калифорниската пустина
„Бев еден од првите спасувачи кои дојдоа на местото на несреќата. Во 23-те години колку што сум во овој оддел, ова беше најстравичната сцена што сум ја видел, а видов многу несреќи“, изјавил портпаролот на Калифорниската служба за надзор на автопатиштата, Диан Гуди за CNN.„Златна ’хонда сивик’ модел меѓу 1995 и 2000 г. го напуштила местото на несреќата, а полицијата сака да разговара со возачот“, додал Гуди. Полицијата трага по уште еден автомобил чиј возач избегал од местото на несреќата. Черворица моторциклисти и еден патник од „доџ ејвенџер“ загинале на местото на несреќата. Петмина од шесте повредени се во тешка состојба. Моторциклистите биле припадници на калифорниската група „Лејксајд“ кои биле на заедничко возење со нивните „Харли Дејвидсони“ а да ја прослават десегодишнината од основањето на групата. Според првичните сознанија на полицијата, групата мотори се движела по автопатот во Ел Центроo, крај местото Империал Каунти, во близина источно од Сан Диего, кога златната „хонда сивик“ се обидела да ги мине. Гуди додал дека според исказите „хондата“ просто ги дотерала моторите на пред „доџот“ кој избегнувајќи ја неа не успеал да го избегне директниот судир со нив.Според Associated Press, возачот na „доџот“ бил пренесен во болница каде што лекарите констатирале дека тој возел под влијание на алкохол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член на екипажот бил убиен. Според официјалните владини податоци, врз основа на списокот на членови на екипажот доставен до „Ројтерс“, мртвиот човек е од Азербејџан, а морнари од Турција биле киднапирани.
Бродот со знаме на Либерија пловел од Лагос до Кејптаун кога бил нападнат во Гвинејскиот Залив во југозападна Африка. Екипажот, членовите на нивните семејства и разузнавачки извори го опишуваат нападот како внимателно испланиран и добро организиран, во кој вооружени пирати се качиле на бродот и, најверојатно, употребиле експлозив. По нападот, капетанот продолжил да управува со бродот слепо бидејќи сите команди биле оштетени и работел само радарот, како што објави турската новинска агенција „Анадолија“. Тој и уште неколкумина морнари биле претепани од пиратите, а повеќе членови на екипажот, кои останале на бродот, завршиле со повреди, според капетанот.
Турските медиуми се повикаа на објавата на компанијата „Боден“, со седиште во Истанбул, која е сопственик на бродот, а во која се наведува дека сопствениците и операторите на бродот биле киднапирани со употреба на оружје. Компанијата не беше достапна за коментар, според Си-ен-ен.
Кабинетот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера објави дека е организирана акција за спасување на киднапираните морнари. Турското Министерство за надворешни работи објави дека пиратите не се обиделе да стапат во контакт со Анкара.
Пиратите во Гвинејскиот Залив киднапираа 130 морнари во 22 инцидента минатата година, а последниот што се случи на „Моцарт“ може да доведе до меѓународен притисок врз Нигерија за зголемување на безбедноста на бродовите во нејзините води, како што беше побарано во последните неколку недели.
Регион
Подгорица: татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.
Полицијата се сомнева дека тој петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.
По тоа, таа му е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.
Свет
„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа фармацевтска компанија. Како што пренесува Би-би-си, раните лабораториски тестови сугерираат дека антителата произведени како резултат на вакцината препознаваат и се борат против новите соеви на вирусот.
Но, потребни се повеќе студии за да се докаже дека ова е вистина, особено за луѓето што веќе биле вакцинирани. Новите соеви на коронавирусот се шират побргу во голем број земји и мутираат, што значи дека може полесно да ги заразат луѓето отколку оригиналната верзија на коронавирусот. Експертите проценуваат дека сојот на вирусот во Велика Британија, кој се појавил во септември, е можеби и до 70 проценти позаразен.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот