Свет
Во САД се повеќе студенти од Кина, Американците учат во Перу
На американските универзитети студираат се повеќе студенти од Кина, додека Американците често одат на студии во Чиле или Перу, покажуваат резултатите од објавеното истражување за високото образование.
На факултетите во 2009/2010 во САД студирале околу 128.000 Кинези, односно за 30 отсто повеќе од претходната година, велат резултатите на годишниот извештај на њујоршкиот Институт за меѓународно образование.
Кинезите се 19 отсто од сите странски студенти додека нешто помалку од нив се нивните колеги од Јужна Кореја и Индија – 15, односно 10 отсто, пренесува Бета.
Во САД минатата година студирале 691.000 странски студенти, што претставува зголемување од 26 отсто во однос на претходната деценија.
Експертите сметаат дека тоа е одраз на привлечноста на американскиот модел на високо образование.
Повеќето странци одлучуваат да студираат на студиите по менаџмент, техника, физика, природни науки, математика и компјутери.
Од друга страна пак околу 260.000 американски студенти од учебната 2008/2009 година студирале во странство, што е мал пад во однос на претходната година, а стручњаците ова го припишуваат на економската криза.
Повеќето Американци студираат во Велика Британија, Италија и Шпанија, но земјите во однос на учебната 2007/2008 година изгубиле на привлечност, во корист на Перу, Јужна Кореја, Чиле, Аргентина и Јужна Африка, каде голема предност се ниските трошоци за живот и студирањето./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“.
Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа мора да се прилагоди на новите реалности, а „НАТО мора да стане “поевропски“ за да ја одржи својата сила“.
„Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сфери на влијание и свет каде што моќта прави сè, е многу реален“, заклучи таа.
Свет
Канадскиот премиер: Во Америка речиси ништо не е нормално
Канадскиот премиер, Марк Карни, во Парламентот во Отава даде остар одговор на прашањето на пратениците за тоа дали има „пристојни преговори“ со Вашингтон за трговски и економски прашања.
„Вашингтон се промени. Речиси ништо повеќе не е нормално во Соединетите Држави. Тоа е вистината“, им рече Карни на пратениците, додавајќи дека Канада продолжува да води тековни разговори со американските лидери, вклучително и телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп во кој се осврна на трговските прашања.
Тензиите меѓу Канада и САД дополнително ескалираа во вториот мандат на Доналд Трамп кога Трамп објави закани за воведување високи царини за канадски производи – вклучувајќи челик, автомобили и други индустриски стоки – ако Отава се стреми кон трговски договори со други партнери како што е Кина.
Ваквите закани го натераа Карни да предупреди дека традиционално блиските економски односи меѓу двете земји се „скоро завршени“ и дека Канада треба да ги диверзифицира своите трговски односи надвор од Соединетите Држави.
фото/Depositphotos
Европа
(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи
Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.
Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.
🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel de luxe
▶️ Le feu serait parti des combles. 261 personnes ont dû être évacuées, aucune n’a été blessée
🚒 Les pompiers, toujours sur place, font face à un risque important de propagation pic.twitter.com/BoeIJcDjnQ
— LCI (@LCI) January 28, 2026
Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.
131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од кои многумина тинејџери.

