Свет
Ролс Ројс ќе ги замени неисправните мотори во новите авиони
Британската компанија Ролс Ројс привремено ќе ги замени комплетните мотори на авионите на австралиската компанија Квантас (Qantas) на кои претходно беше забележано дека тече масло.Како што е изјавено за агенцијата АП во регулаторното тело за безбедност на авио сообраќајот, британската компанија ќе ги замени сите мотори на ербасовите суперџет авиони А380 со нови, а потоа ќе го поправи дефектот кој доведе до истекување на масло и ќе ги врати моторите.Во Ролс Ројс не сакале да ја коментираат информацијата.Минатата недела на авион на компанијата Квантас на летот за Сиднеј дошло до експлозија на еден од моторите „trent 900“ кои ги прави Ролс Ројс, поради што авионот принудно мораше да слета во Сингапур./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

