Свет
Во напад на беспилотно летало 20 загинати во Пакистан

Во напад на американско беспилотно летало на една куќа и едно возило на северозападот на Пакистан, во делот кој граничи со Авганистан, во вторник наутро загинале најмалку 20 лица, соопштија официјални преставници на пакистанската разузнавачка служба
Како што известува Reuters, нападот се случил во Северен Визиристан, во селото Ѓулам Кан во планинската област која на исламските екстремисти им служи како база за нападите врз силите на НАТО во соседен Авганистан. Беспилотното летало истрелало вкупно четири ракети, по две во куќата и возилото. Претходно беше јавено дека во куќата загинале 11, а во возилото 4 лица чиј идентитет се уште не е утврден, но разузнавачките извори соопштиле дека бројкат аубиени бунтовници е поголема.Ова е осми напад на американските беспилотни летала од почетокот на ноември, а од почетокот на годината Американците на овој начин извршиле повеќе од сто нападиОд август 2008 г., американските беспилотни летала извршија околу стотици напади во кои се убиени околу 900 лица во северозападен Пакистан. САД ги засили нападите со беспилотни летала Северен Вазиристан, откако na 30-ти декември бомбаш самоубиец уби седум агенти на CIA во нивната база во источната авганистанската провинција Хост. Американските власти сметаат дека овие напади се најефикасното оружје против Ал Каеда и талибаните кои се засолнуваат во тешко достапните паштунски племенски региони во високите планини меѓу двете Пакистан и Авганистан.Официјален Исламбад декларативно се спротиставува на овие напади протестирајќи дека тоа е кршење на пакистанскиот суверенитети, но аналитичарите сметаат дека станува збор за договор на двете влади. Покрај тоа пакистанската влада предупредува дека во воаквите напади во кои неретко страдаат и цивили, може да предизвика и анти-американско расположение кај локалното население во паштунските племенски област што ќе ја зајакне позицијата на талибаните и радикалните исламисти. Вашингтон одбива јавно да зборува за употребата на беспилотните летала, но пакистански разузнавачки и владини претставници велат дека во овие напади досега се убиени неколку високи членови на Ал Каеда и талибански водачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Британска наставничка имала сексуални односи со 15-годишен ученик

Наставничка од Велика Британија може да се соочи со затворска казна по прогласувањето за виновна за уште точка од обвинението против неа, а тоа е сексуален однос со петнаесетгодишен ученик.
Кандис Барбер (35) во неколку наврати имала секс со 15-годишното момче, еднаш и на спортски терен. Подоцна му праќала СМС-пораки, каде што го прашувала дали повеќе му се допаѓа нејзиниот задник или градите.
Accused British Teacher Was Too Short To Commit Sex Act With Teen Student As Described, Lawyer Says
A former student of Kandice Barber testified in court that the pair performed sexual acts together on three separate occasions, including once in a field. https://t.co/kbmSkkbEzV
— Crime Time (@OxygenCrimeTime) January 21, 2021
Целиот инцидент станал познат кога во училиштето почнале да кружат нејзини топлес-фотографии, кои ѝ ги праќала на својата жртва. Снимките стигнале и до директорот на училиштето, пишува „Дејли мејл“.
Барбер е прогласена за виновна за поттикнување дете под 16-годишна возраст на сексуални активности. Наставничката и мајка на три деца ѝ пристапила на својата жртва на Денот на спортот откога претходно се прифатиле како пријатели на социјалните мрежи.
На претходното судење минатиот септември во Ејлсбери, Барбер беше осудена за сексуално дело со малолетник, што се случило меѓу септември и октомври 2018 година.
Тогаш таа беше осудена и за испраќање видеа на кои изведувала сексуални активности, опкружена со сексуални помагала.
Кога директорот на училиштето го поканил 15-годишното момче на интервју, тоа негирало сексуален однос со наставничката.
Подоцна, за време на разговор со полицијата, рекло дека таа му се заканувала.
„Таа рече дека ќе ме повлече со неа ако ја издадам. Ја прашав дали сака да ме обвини за силување. По тоа, бев лут и повеќе не разговарав со неа“, рекол малолетникот.
Барбер беше уапсена на 12 март минатата година, а за време на нејзиниот прв разговор со полицијата, таа негирала дека имала сексуални односи со момчето.
Регион
(Видео) Протест на студентите во Грција: Не сакаме полициски патроли

И покрај забраната за собирање, речиси 3.000 студенти, според полицијата, излегоа на протест во Атина, поради нацрт-законот за воведување полициски патроли на универзитетите.
На сличен митинг во Солун присуствуваа околу 1.500 луѓе, рече полициски извор.
Ова е трет студентски протест во последните три недели.
Денешните демонстрации започнаа два дена по воведувањето на општата забрана за собирање на повеќе од 100 луѓе, до 1 февруари. Полицијата во вторникот соопшти дека целта на оваа мерка е да го заштити јавното здравје, а земјата е под мерки на затворање од почетокот на ноември поради вториот бран на пандемијата на коронавирус.
„Не на полицајците на универзитетите“, извикуваа студентите со маски на лицето. Тие исто така побараа отворање на универзитетите кои се затворени неколку месеци поради „заклучувањето“ со цел да се спречи опасноста од коронавирусот.
Students defy police ban of gatherings and hold massive protest in Athens against the government’s draft bill for education, which includes the introduction of police in universities, among other changes. #Greece pic.twitter.com/adfVtkZkEX
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) January 28, 2021
Контроверзниот предлог-закон предвидува специјални полициски патроли кои според владата ќе oсигурат безбедност на високообразовните институции каде што често се појавува насилство.
Сепак, студентите и ректорите возвраќаат дека мерката го укинува независниот статус на универзитетите, принцип што важи за повеќето универзитети во Европа и според кој полицијата не смее да интервенира без барање на ректоратот.
Европа
ЕУ испрати инспекција во фабриката на „Астразенека“ поради доцнењето на испораката на вакцини

Белгиските регулатори почнаа истрага во фабриката за производство на вакцини на компанијата „Астразенека“ близу Брисел. Истрагата ја побара Европската комисија во моментот на ескалација на спорот околу недостигот на вакцини во Европската Унија.
Првата посета на претставниците на белгиската Федерална агенција за лекови заврши во средата во фабриката во градот Сенефе, во провинцијата Ено, соопшти белгиското Министерство за здравство. Земени се примероци и евиденција од фабриката, а во наредните денови се очекува понатамошен преглед на објектот.
Истрагата беше побарана од извршното тело на ЕУ поради сомнежи во образложението на „Астразенека“ за очекуваниот недостиг на испораки на вакцини во ЕУ.
Англо-шведската компанија објави дека ќе може да испорача само околу 25 проценти од договорените 100 милиони дози на земјите членки на ЕУ во првиот квартал поради проблеми во белгиската фабрика во сопственост на француската компанија „Новасеп“. Вакцината на „Астразенека“ се очекува да биде одобрена од Европската агенција за лекови во петок.
Европската комисија засега не се огласи и не потврди дека побарала истрага и зошто.
Белгиските власти соопштија дека сега ќе ги анализираат наодите во соработка со експерти од Холандија, Италија, Шпанија и други земји.
Портпаролката на белгиското Министерство за здравство изјави дека инспекцијата во фабриката „Астразенека“ во Сенефе е извршена со цел со сигурност да се утврди дека доцнењето во испораката навистина се должи на проблеми со производството во белгиската фабрика. Како што додаде таа, истрагата се води во целосна транспарентност.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома