Свет
САД: Во 2009-та 15 отсто од домаќинствата гладувале
Според неодамнешниот извештај на американската влада, речиси 15 отсто од домаќинствата во оваа земја во некои периоди во 2009 г. немале доволно храна
Официјалната бројка е најголема досега откако во деведесеттите години започнаа со собирање на податоци, а нешто е поголема и во однос на претходната година.Иако податокот е донекаде изненадувачки за богата земја како што е САД, која истовремено има и сè поголеми проблеми со дебелината на жителите, бројот на семејствата кои се борат за прехрана порасна одеднаш со почетокот на рецесијата и од тогаш се повеќе се зголемува.Најтешко беа погодени самохраните мајки – речиси 3,5 милиони во некои периоди не можеа да обезбедат доволно храна за своето семејство, а меѓу семејствата кои имаа проблем да се прехранат, непропорционално е голем процентот на црнците и латиноамериканците.Администрацијата на Обама од почетокот на рецесијата ја прошири програмата за субвенционирани маркици за храна, која во 2009 г. ја користеле околу 34 милиони Американци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

