Контакт

Свет

Експлозија во рудник во Нов Зеланд, 27 исчезнати

Објавено пред

Најмалку 27 рудари се водат како исчезнати во експлозија во рудник во Нов Зеланд, а досега двајца рудари биле спасени соопштија денеска новозеландските власти

Несреќата се случила во рудникот Пејк Ривер кај малото место Греј Дистрикт, на западната страна од јужниот остров Нов Зеланд, рано попладне по локално време.„Вестите не се добри. Полицијата вели дека меѓу 25 и 30 рудари исчезнале по големата експлозија во рудникот“, рекол градоначалникот на ова место, Тони Кокс за новозеландското радио.Двајца рудари се извлечени од окното, но не се знае каква е состојбата со уште триесет луѓе.Претставникот на управата на рудникот изјавил дека се утврдува што се случило и дека наскоро ќе излезат со соопштение.Ова е еден од ретките подземни рудници на Нов Зеланд, кој во главно има надземни копови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нов земјотрес кај Петриња

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00.28 часот во областа Петриња. Хрватската сеизмолошка служба објави дека интензитетот во епицентарот бил III-IV степен од скалата ЕМС.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил помеѓу Петриња и Сисак. Посетителите на веб-страницата на ЕМСЦ наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван во Мошченица, пренесува порталот Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Белград откриен споменикот на Стефан Немања, висок 23 метри

Објавено пред

Вечерва, во Белград беше откриен грандиозен споменик на српскиот средновековен владетел Стефан Немања. На настанот присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

На насобраните луѓе им се обратија и Вучиќ и Додик. Српскиот претседател рече: „Се трудевме да ја обновиме Србија, но и да ја вратиме вербата во себе“.

„Местото на кое стојам некогаш беше срам за сите, а вечерва сум среќен затоа што тука каде што стојам, на улицата Немањина, се наоѓа храмот на свети Сава. Успеавме да го осликаме, а така ќе го обновиме и Хиландар и цела Србија. Успеавме економски да ја обновиме земјата и национално да ја воздигнеме“, рече Вучиќ додавајќи дека во власта се прашувале дали 23-те метри колку што е висок споменикот се доволни за да ја одразат големината на Стефан Немања и неговото значење за српскиот народ.

„До него ние бевме племе. Ова не е само чин на откривање на таткото и творецот на државата, ова е еден вид чин на грижа за нас и нашиот идентитет. Да застанеме тука пред големиот Стефан Немања, значи еден вид покајание за сите години што ги заборавивме“, истакна Вучиќ.

Овој споменик, вели тој, е одличен затоа што приказната за нас е одлична.

Прикажи повеќе...

Свет

САД го добија новиот државен секретар

Објавено пред

Ентони Блинкен стапи на функцијата државен секретар на САД. Тој вети дека ќе ги подобри односите со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека Соединетите Американски Држави може да играат водечка улога, истовремено решавајќи го проблемот со климатските промени, распадот на демократијата и други сложени прашања.

Мал број вработени, ограничен поради мерките против коронавирусот, го поздравија Блинкен со аплауз.

„Светот во моментот внимателно нè следи сакајќи да знае дали можеме да ја лекуваме нашата нација, дали можеме да водиме со пример и дали ќе можеме да се соочиме со големите предизвици на нашето време преку дипломатски односи со нашите сојузници и партнери“, рече Блинкин.

Меѓу тие предизвици тој ги вклучи пандемијата на коронавирусот, климатските промени, глобалната економија, заканите за демократијата, борбата за расна еднаквост и правда и опасноста за безбедноста и глобалната стабилност што доаѓаат од противниците. Новиот државен секретар не одговори на прашањето на новинарите кој предизвик го смета за најприоритетен.

Блинкен рече дека Стејт департментот мора да работи на воспоставување обединет фронт со сојузниците за надминување на предизвиците.

Тој е дипломат со долгогодишно искуство, служеше како заменик-државен секретар за време на владеењето на Барак Обама.

Предлогот на Бајден за државен секретар да биде назначен Блинкен беше потврден вчера од Сенатот со 78 гласа „за“ и 22 „против“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во Хрватска синоќа во 00.28 часот во областа Петриња....

Македонија10 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет13 часа

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет14 часа

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија15 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија16 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија18 часа

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија18 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија18 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија19 часа

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија20 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Македонија21 час

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија22 часа

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа23 часа

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет24 часа

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет24 часа

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија24 часа

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет1 ден

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија2 дена

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ2 дена

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Досие