Свет
Тројца мртви во експлозија во фабрика во северна Кина
Најмалку три лица загинале а десетици се повредени во експлозија во хемиска фабрика близу градот Јуше во севернокинеската провинција Шанкси, пренесува агенцијата Xinhua
Експлозијата се случила во саботата навечер во фабриката „Yushe chemical plant“. Како што јавува кинеската државан агенција, спасувачките екипи и во текот на неделата наутро се уште се обидувале да го изгаснат огнот останува до полноќ во саботата, но официјалните лица изјавиле дека „ситуацијата во основа е ставена под контрола“.Локалните власти соопштиле дека е формирана комисија за испитување на причините за несреќата и за справување со катастрофата. Според нив, експлозијата не предизвикала испуштање штетни материи во атмосферата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

